БАЛКАНОТ ВЛЕГУВА ВО ОПАСНА ФАЗА: Албанското прашање е бомба со одложено дејство!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Воено-политичкиот коментатор Мирослав Лазански во најновата колумна за српска Политика истакнува дека Балканот, особено југот на полуостровот, влегува во опасна фаза. „Запад и порано интервенираше, бомбардираше и финансираше. И пак ништо. Албанското прашање и понатаму претставува опасност“, тврди Лазански, чиј текст го пренесуваме во целост

27180_lazanski_f

Дали неодамнешните балкански војни предизвикаа политичарите кои ги лажеа новинарите, а потоа веруваа во она што го читаа во новините? Или, дали балканските народи, всушност се заслужуваат едни со други? Неделникот „Њујорк обзервер“, весник чиј сопственик е Џаред Кушнер, воедно и зет и советник на Доналд Трамп, предлага исцртување на нови граници на Балканот. „Хрватска и Србија да ја поделат Босна и Херцеговина, Косово да се обедини со Албанија, а Србија да го добие северот на Косово, а Косово Прешевската долиан, српските манаситири би добиле екстериторијалност и би биле ставени под заштита на ОН. Западот мора да ги исправи грешките во југоисточна Европа, пред тоа да го направи Русија“ – пишува американскиот веснил“.

Колку е ова само текст во весник, а колку некоја врста на тестирање на пулсот на балканските политичари, но и јавноста, тешко е засега да се заклучи. Можеби некои во Америка конечно ја сфатија поуката од Виетнамската војна: никогаш не се мешај во туѓа граѓанска војна. Можеби некои во Вашингтон конечно заклучија дека е време да престанат да лажат и да веруваат во сопствените лаги, дека е крај на залажувањето?

Бидејќи, Србите и Албанците на Косово толку се мразат што е илузија дека би можеле среќно да живеат во било која врста на мултиетничка заедница. Се мразат едни со други, но живеат едни покрај други секогаш на работ на експлозија. Косово не е место на кое може да се експериметнира со мултикултура. Да би се зборувало за стабилно, мултиетничко Косово е исто како да се кажеш „жежок“ лед, или „сува вода“. Признавањето на независноста на Косово од страна на Западот формираше две Албании, првобитна и онаа новата Албанија на Косово. Иако Албанците не покажаа способност за управување со една, а не со две држави.

Кога станува збор за БиХ, политички таа држава не постои, постојат само партии, така да тука политиката е виртуелна забава. Во БиХ владеат странци со полуколонијални привилегии. Под таа доминација е неспособната лојална политичка елита која нема власт во БиХ, па ниту во опшстеството. Всушност, никој нема визија за иднината на БиХ, Србите и Хрватите не сакаат да се вратат во унитарна Босна и Херцеговина, Бошњаците сакаат зачувување на БиХ и нејзината унитаризација, при што се што прават во јавниот живот оди со тоа да се нагласат разликите, верските, јазичните и националните. Скаат заедничка држава со Србите и Хрватите во време кога во цела БиХ нема ни заедничка историја, па дури ниту заеднички училишта. Резултат од етничкото чистење од сите страни.

И конечно, Македонија, може ли да остане мултиетничка покрај вакво Косово? Дали Македонија е држава, или нација? На „македонското прашање“ секој на Балканот има свој одговор. Некои Србија гледаат на Македонците како јужни Срби, за Бугарите се западни Бугари, за Грците се хеленско малцинство кое го зборува словенскиот јазик, а Албанија се гледа себеси како сила која го заштитува Албанското малцинство кое живее во Македонија, но и како заштитничка на сите Албанци на Балканот. Србија ја призна Македонија и македонската нација, Бугарите ја признаа само државата, но не и нацијата, Грците ја признаа државата под името „БЈРМ“, но не ја признаа и македонската нација.

Албанците во Македонија уште од 1992. на илегален референдум се изјаснија за автономија на западна Макеоднија и секој пат кога ќе дојде до криза се закануваат на државниот врв и Македонците дека ќе ја активираат одлуката од референдумот и ќе постават физичка граница помеѓу Скопје и Тетово. Физичка поделба на Македонија, која како рефлексија на Косовските случувања започна во 2000. година, кога Западот ги примора сите актери да потпишат Охридски рамковен договор со кој на некој начин се гарантира унитарноста на државата и изградбата на мултиетничка заедница.

Најновите случувања во Македонија покажуваат дека одржливоста на мултиетничката држава е многу тешка во услови кога воените тапани кај екстремните Албанци, главно косовските и доселениците од Косово, односно тапаните за кантонизација на Македонија се многу гласни. Кантонизација е само прва фаза во поделбата на Македонија.
Всушност, Македонија доцна пристигна на историската сцена, таа поради тоа денес е загрозена одвнатре и однадвор. За да успее да формира свој национален идентите, неоподни и се како и на другите, престижни историски референци. За македонксата држава име и историска симболика која истото го носи претставува единствена шанса. Македонците не можат да си приуштат ниту една отстапка кога е во прашање името на државата, изгледот на знамето, или содржината на химната. Без тоа немаат идентитет.

Сегашната национална структура на Балканот е релативно нова, а со самото тоа и националните идентите сеуште претставуваат слаба точка. Тоа е и главната причина за геополитичката нестабилност и политичките проблеми во регионот. Држави кои се во можност да направат силен национален идентитет имаат привилегирана позиција. Тајната на успехот на Грција на тој план беше и ќе остане во неокласичниот мит.

Балканот, особено неговиот југ, влегува во опасна фаза. Запад претходно интервенираше, бомбардираше, финансираше. И пак ништо. Албанското прашње и понатаму претставува главна опасност, тоа е бомба со одложено дејство. Бидејќи, случувањата во Македонија се закануваат со домино ефект…

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This