(Видео)МИЛО ЃУКАНОВИЌ ПРЕДИЗВИКАЛ СЕРИОЗНА СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА: Возило од неговото обезбедување полно со муниција удрило во цивилно и се запалило!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веста која ги доминира насловните страни во водечките медиуми во Црна Гора, а не најде простор во македонските медиуми, за вчерашната сообраќајка на патот Подгорица – Цетиња, во која во судар со патничко возило и автомобил од обезбедувањето на екс-премиерот Мило Ѓукановиќ, се повредени три лица, додка се возилото на обезбедувањето се запалило

Како што наведува подгорички „Вијести“, повредени се двајца членови од обезбедувањето на Мило Ѓукановиќ и лице од патничкото возило, додека во запаленото возило се наоѓала голема количина на муниција и солзавец.

Новинарот од Подгорица Марко Вешовиќ за Сптуник вели дека она што засега со сигурност може да се каже е дека било несреќен случај.

„Иако делува малку нереално, на основа на она што досега можевме да го видиме, навистина излгеда дека се работи за сообраќајна несреќа, која инаку не му е прва на Ѓукановиќ. Постарите се сеќаваат дека тој во двеилјадитите имаше доста сериозна сообраќајна несреќа во која беше повреден. Меѓутоа, она што е многу поважно од самата незогда е фактот што во возилата од неговото обезбедување се наоѓала муниција и солзавец. Тоа доволно говори за каква распуштеност се работи кога станува збор за неговото обезбедување.“, вели Вешовиќ.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This