Министерството за одбрана на Русија објави снимка од успешно лансирање на новата модернизирана ракета за противракетна одбрана, која вчера ја изведоа припадници на Противвоздушната и противракетната одбрана на Воздушно-космичките сили на Русија на полигон во Казахстан
„На полигонот Сари Шаган борбениот одред на Противоздушната и противракетната одбрана на Воздушно-космичките сили успешно лансираше нова, модернизирана ракета на рускиот систем на ПРО“, наведено е во соопштението.
Заменик командантот на обединетите ПВО и ПРО сили на руската авијација Андреј Прихотко по лансирањето изјавил дека модернизираната противракетна одбрана успеошно ја исполнила задачата и ја погодила условната цел во утврденото време.
Системот ја штити Москва од воздушен напад.