(Видео)СЛАБА ОРГАНИЗАЦИЈА И ЛОШИ УСЛОВИ: Позната причината за трагичната смрт на двајцата планинари на Кајмакчалан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се утврдуваат причините за несреќата, кој и каква одговорност ќе понесе ќе соопшти Федерацијата на планинари. Според информации до кои дојде Сител, се уште се сумираат извештаите по кои ќе постапува комисија формирана од претседателство.

 

Друштвото Трансверзалец поднело извештај до федерацијата но се уште чекаат изјави од членови на експедицијата како и извештаите од сите надлежни кои учествуваа во акцијата за пронаоѓање на планинарите. Извесно е дека ќе се одземат лиценци, но се уште се утврдува дали некој ќе понесе и кривична одговорност- објави Сител.

Како настанала трагедијата во која настрадаа планинарите Калина и Александар, кај нас првично ќе биде разоткриено во петок.

Трансверзалец откако вчера одбија да дадат коментар за несреќата, денеска излегоа со апел преку социјалните мрежи со кој бараат планинарите да се воздржат од изјави во врска со трагичниот настан на Кајмакчалан до објавување на официјалниот извештај. Неофицијално првичните резулати од обдукцијата на телата, покажале дека смртта кај двајцата планинари настапила поради премрзнување. Немале видливи повреди иако беа пренесени информации дека едно од лицата било пронајдено во провалија.

Според извори на Сител телата на починатите утре ќе им бидат предадени на семејствата во Македонија.

Во Грција се уште во тек е истрагата за несреќата. Пред грчката полиција уште првиот ден биле сослушани водичот и членовите на експедицијата. Ќе се анализираат и телефонските разговори на починатите, за да се утврди точното време кога за прв пат побарале помош. Она што успеавме да го дознаеме е дека еден од нив јавил веднаш по токи воки дека се загубиле и се наоѓаат во близина на карпа . По вчерашната објава на Сител , дека водичот не бил лиценциран за планинаски тури во зимски услови, денеска добро упатени извори потврдија дека групата била слабо организирана.

За целиот настан и како се одвива истрагата МВР е во постојана координација и комуникација колегите од Грција велат за Сител од Јавното обвинителство. ЈОРМ ќе ги чека извештаите на судската медицина и полицијата од Грција, по што ќе донесат одлука за натамошно постапување. Во врска со навредувачки написи за несреќата на социјалните мрежи од обвинителство велат ги следат сите објави и доколку наидат на елементи за кривично дело ќе постапат согласно законот.

#150kmph #minus20C #GodHelpUs

A post shared by Vlado Bosnjakovski (@vlado_ftw) on

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This