ВМРО-ДПМНЕ:СДС со предложениот ребаланс на буџетот го зголемува задолжувањето на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Антиреформската влада на СДС со предложениот ребаланс на буџетот го зголемува задолжувањето на Македонија. СДС, Драган Тевдовски и Зоран Заев кои со месеци наназад зборуваа за нивната загриженост дека Македонија е презадолжена земја, сега откако дојдоа на власт предлагаат ребаланс на Буџет во кој предвидуваат поголемо задолжување на државата до крајот на годината за 150 милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Уште во првиот месец дена откако дојдоа на власт ја задолжија државата 60 милиони евра. Според плановите на Заев, до крајот на годината, секој ден граѓаните на Република Македонија кога ќе се разбудат државата ќе биде задолжена за нови 1,2 милиони евра повеќе од планираното. Во ставката домашно задолжување владата на СДС планира наместо 17,8 милијарди денари да се задолжи за 20,7 милијарди денари. Тоа се нови 48,3 милиони евра долг кон домашните доверители. Во ставката задолжување кон странство Владата на СДС планира наместо планираните 12,3 милијарди денари да ги задолжи граѓаните со 18,4 милијарди денари. Со ова планираат да не задолжат дополнителни 100 милиони евра повеќе кон странски доверители, стои во соопштението.

СДС, се додава, ги лажеше граѓаните на Република Македонија.

-Ветуваа дека нема да се задолжуваат, а сега со ребалансот им најавува дека за само 5 месеци ќе го зголеми планираното задолжување за речиси 150 милиони евра. Граѓаните на Република Македонија имаат право да знаат зошто државата се задолжува со толкава сума и каде СДС ќе ја потроши. Луксузите, октоподите, морските плодови, цвеќињата, партиските вработувања и вдомувањата на соросовите платеници не смее да биде на трошок на граѓаните. Граѓаните со право се прашуваат зошто СДС планира да го зголемува долгот, а притоа реализира ништо од ветеното, се додава во партиското соопштение.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This