March 28, 2024, 11:21 am

ВМРО-ДПМНЕ МНОГУ БРЗО ЌЕ ЗАСТАНЕ НА ЗДРАВИ НОЗЕ: Изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новиот список со имиња е спој на млади и искусни партиски кадри.

Нов генерален сектретар со одлука на ЦК е Игор Јанушев.

Потпретседатели се Митко Јанчев, Александар Николовски и Владо Мисајловски.

Членови на ИК се тројца претседатели на општински комитети- Иван Јорданов од Штип, Кирил Пецаков од Охрид и Орце Ѓорѓиевски од Кисела Вода.

За членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, како што дознава КУРИР се избрани и: Владимир Нелоски, Даниела Рангелова, Игор Николов, Трајко Славевски, Драги Димитриевски, Влатко Ѓорчев, Силвана Ангелеска, Тони Михајловски, Димитар Димовски, Дафина Стојаноска, Златко Перински, Коце Трајановски, Дејан Јовановски, Дејанчо Ефтимов, Цветан Трипуновски, Игор Божиновски, Костадин Богданов, Ане Лашкоска и Бајрам Требишки.

Седницата на Централниот комитет на партијата се уште трае.

https://www.facebook.com/makfax/videos/10155436496038353/

Како што изјави претседателот на партијата Христијан Мицкоски изрази надеж дека со овој избор во највисоките органи на партијата, ВМРО-ДПМНЕ во најскоро време ќе застане на цврсти нозе и уште побрзо ќе се врати на власт.

Според Мицкоски, ова е првичен состав на ИК кој во иднина ќе може да се зголеми со нови предлози. Тој додаде и дека се работи за спој на искусни и млади, енергични луѓе кои целиот свој живот биле дел од партиските структури.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This