Целосна забрана за движење на моторни возила на планинскиот превој „Буково“. Полицијата информира дека поради обилните снежни врнежи, донесени се забрани за тешки товарни возила и на „Пресека“ и кон граничниот премин „Ќафасан“.
Од полицијата апелираат возилата да се користат само ако е тоа неопходно за да се избегнат несакани последици.
Апелираме на исклучива нужност во користењето на патничките автомобили, а кон спомните патни правци и целосно почитување на важечките забрани за движење на тешките и други моторни возила и секако почитување на инструкциите и насоките на полициските службеници кои се на терен, соопшти МВР.
Како што потсетува, за сите моторни возила неопходно е носење и користење зимска опрема.