ГРУЕВСКИ: 15 октомври ќе биде ден на победата на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Шуто Оризари во 2006 година имало се на се 644 вработени, а заклучно со 2016 тој број изнесува 1740, без малку за трипати повеќе жители се вработиле од Шуто Оризари. За три пати повеќе е зголемен и бројот на вработени во општината Шуто Оризари, а бројот на невработени во 2006 бил 3792, а веќе во 2016, 2792 ние работиме за силен економски развој, ние работиме за доброто и просперитетот на ромите во Македонија, ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг во Шуто Оризари.

-За прв пат има средно училиште на територијата на Шуто Оризари во вредност од 85 милиони денари, направивме доградба и реконструкција на двете основни училишта во вкупна вредност од 106 милиони денари. Изградивме дел од фекалната канализација на улиците „Пелагонија“ и „Брсјачка бура“, завршивме и голем дел од фекалната канализација во Горно Оризари, се изгради и нов водоводен систем за Шуто Оризари во вредност од 3,7 милиони евра, се санираше асфалтот на многу улици во општината, а изградивме и повеќе наменско игралиште. Преку програмите за образование доделивме вкупно 4 илјади стипендии за децата роми, како за сите жители во Македонија така и за жителите на Шуто Оризари овозможивме легализација на бесправно изградените објекти по 1 евро метар квадратен и со тоа овозможивме секој да си стане свој на своето, потенцираше Груевски.

Тој додава дека од 2007 до2015 биле вклучени 2675 роми во градинките односно во предучилишното образование за да им биде дадено знаење и шанса за успех низ животот.

-Во иднина со ваша целосна поддршка во новата ера се предвидуваат многу нови проекти за Шуто Оризари, ќе се изгради фекалната канализација на улиците „Брсјачка бура и „Пелагонија“ и за ова ќе се инвестираат 20 милиони денари, ќе се изгради фекалната канализација во Горно Оризари, ќе се доврши спортската сала во Шуто Оризари, ќе се инвестира во детски игралишта со зелени површини, ќе се инвестира во подобрување на образовните институции во општината и ќе се инвестира во отворање на детски градинки, ние одлично си ја знаеме работата за креирање на нови работни места и очекувајте намалување на невработеноста, рече Груевски.

Тој ги повика сите сограѓани на Шуто Оризари да одат на избирачките места и да гласаат, да гласаат за својата иднина, за нивната држава.

-Немојте да мислите “што може мојот еден глас да промени”. Тоа Едно гласање, тој еден глас е клучен. Невработеноста ќе се намали со тоа Едно гласање. Вашите деца ќе добијат подобро образование со тоа едно гласање. Нашите градови ќе се развијат со тоа едно гласање. Токму со вашиот глас. Иднината на Македонија, иднината на нашите деца ќе се реши со тоа Едно гласање. Затоа, бидете сигурни дека треба да гласате. Одете на гласање со вашето семејство. Оди на гласање како да одите на прослава, именден или куќна слава, со радост и гордост. Затоа што сите ние ќе се разбудиме во посветло утро на 16 октомври. 15 октомври ќе биде ден на победата на Македонија. потенцираше Груевски.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This