ДЕТАЛИ ЗА ПОЖАРОТ ВО ПРАВДА: Човечки фактор е причина за пожарот – некој го подметнал?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Запалена цигара или заборавено решо е најверојатно причина за пожарот во Министерството за правда. Од МВР велат дека истрагата е се уште во тек, а по вештачењето на изгорените предмети ќе бидат објавени и првични информации. Дека пожарот најверојатно е предизвикан од човечки фактор, укажуваат и информациите дека електричната инсталација во зградата на Министерстовор била исправна.

10-тина дена по пожарот, 4-тиот кат од зградата на Мнистертвото за правда е целосно нефункционален, уништениот инвентар, искршените прозорци и исцрнетите ѕидови и натаму сведочат за огнената стихија која уништи неколку канцеларии и голем број документи. Од почетокот на неделава службениците се вратени на работа, а во Министерството се извршуваат секојдневните работни активности.

Освен настанатата материјална штета, засега се уште нема официјални информации ниту какви и колку важни документи изгореа во пожарот, со оглед дека целосно уништени се архивата на министерството, сметководството и одделението за меѓународна правна помош.

Со министерството за Правда раководи кадар од ДУИ, случајно или не, во минатото кога исто така кадар од ДУИ раководеше со Македонски Пошти, се запали и нивниот објект.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This