April 19, 2024, 12:22 pm

ЕВРОПА ЌЕ ЈА ЗАДОЛЖУВА УКРАИНА: 1.2 милијарди евра заем од ЕУ за Украина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефот на надворешната политика на ЕУ вели дека Украина ќе добие заем од 1.2 милијарди евра поради влошената економска ситуација.

Федерика Могерини, која го посети Киев денеска, изјави пред новинарите дека заемот ќе служи ,, за зајакнување на украинската економија, стабилноста и структурните реформи’’.

Иако ЕУ ја поддржува украинската влада, Могерини истакна дека Европа е загрижена за доцнењето на поддржаните реформи. Таа побара од Киев да создаде суд кој ќе се бори против корупцијата.

Та исто така ја повика владата да го спроведе мировниот договор од 2015 и да се прогласи примирје помеѓу владата на Украина и сепаратистите во источниот дел на земјата.

Економската ситуација во Украина е влошена поради огромното ниво на корупција во државата и дополнително се влоши поради раскинувањето на договорот помеѓу украински Нафтогас и Гаспром за транзит на гас низ Украина и купување на ефтин гас од Русија. Украина со раскинувањето на овој договор загуби огромна сума на пари кој ги добиваше како рента за транзитот на рускиот гас низ државата. Украинската влада истакна дека ќе купува поскап гас од Европа бидејќи го раскина договорот со Гаспром. Гасот ќе биде 3 до 4 пати поскап од оној од Русија, а многу веројатно дека огромен дел од заемот на Европа, Украина ќе го даде за набавка на европски гас.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This