April 18, 2024, 12:11 pm

ЗАЕВ ПРИФАТИЛ ГЕОГРАФСКА ОДРЕДНИЦА: Прифаќањето на име со географска одредница од страна на Заев е загрозување на преговарачките позиции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски во своето гостување во емисијата Отворено на 24 вести истакна дека јавно искажаниот став на Зоран Заев каде што вели дека за македонската влада е прифатливо име со географска одредница директно и се наштетува на преговарачките позиции на Македонија.

-Географска одредница, сега е почетна преговарачка позиција на македонската влада,а компромисот во секој договор мора да се најде на средина што значи Македонија веќе има нарушена преговарачка позиција, а за двете страни да дојдат до договор, Македонија ќе мора да се прифатат максималистичките барања на грчката страна додаде тој.

Според Мицкоски грчката страна ја зацврстува својата преговарачка позиција со се поголеми барања, македонската влада вели лицитира јавно со понуди и прави чекори кои тие ги нарекуваат гестови на добра волја, за кој што македонската страна добива палење на македонското знаме и повторна појава на андарите односно Македонија не доби ништо за отстапките кои ги направи.

Во однос на преговарачкиот коментираше оти ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да биде алиби за неуспех на владата на СДСМ, но и нема да прифати недостоинствено решение кое е спротивно на интересите на Македонија.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This