ЗАЕВ ТРЕБА ДА УЧИ ЗА ПАТРИОТИЗАМ ОД СВОТЕ АЛБАНСКИ ПАРТНЕРИ: Албанските партии ќе настапат заеднички за локалните избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога се во прашање нивните национални интереси Албанците се подготвени да настапат единствено, како и што застанаа позади Тиранската платформа, која беше прифатена од лидерот на македонската опозиција Зоран Заев, документ кои директно удира по темелите на унитарноста и суверенитетот на Македонија.

Zaev-Albanci

Зоран Заев изгледа треба да учи за патриотизам од своите партнери од албанскиот блок, кои покажаа дека кога се прашање националните интереси за нив нема партија, а Зоран Заев никако не сака да слушне за понудата на ВМРО-ДПМНЕ, да ги добие сите 51 пратеник на таа партија за малцинска влада, само за да ја отфрли платформата, со што би се зачувала унитарноста на државата.

Реџаил Исмаили од ДУИ во гостувањето на телевизија Алсат, изјави дека Тиранската платформа ги дефинира работите многу добро, а и процесот на соработка би требало да продолжи понатаму, а тоа важи и за следните локални избори.

-Декларацијата ги дефинира работите многу добро, неслучајно е направена и тркалезна маса за да продолжи процесот на соработка и понатаму. Ние имаме места како што се Ресен Охрид, Долнени, потоа Битола, Велес, каде што немаме преставници, со исклучок на Велес и Охрид немаме претставници во општинските совети. И нам ни се наметнува ова прашање, ние како ДУИ и во минатото сме побарале соработка со албанските субјекти токму на оние места каде што Албанците се во мал број, да бидат застапени, да имаат свои претставници во општинските совети, изјави Исмаили.

Потврда дека Албанците се спремни да одат заеднички на локалните избори, за исполнување на својата агенда во нашата држава даде и Флакрон Беџети од Алијансата на Албанците. Тој како пример ги даде Кичево и Струга, каде ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ излегоа заедно на изборите

-Тоа се случило во Кичево и Струга и тоа се разбира дека ќе се случи меѓу нас во тие општини,  извините што токму го земав случајот на Кичево или другите случаи, треба да бидеме внимателни да не излеземе со многу кандидати, изјави Беџети.

Голема помош во исполнување на својата Албанците добиваат и од лидерот на опозицијата Зоран, тој одамна кажа патриотизмот не личи на неговата партија СДСМ. Тој во гостување на Алсат во 2013 година кај тогаш новинарот, а сега пратеник од СДСМ Мухамед Зекири, кажа дека нема да направат повеќе грешка со глумење патриотизам.

-Се обидовме во неколку наврати да играме  на политики на патриотизмот, како партија што не ни приличи такво нешто И тука апсолутно загубивме. Чесно е да признаеме, за да бараме шанса за во иднина, за да не правиме вакви грешки. Од нас народот не очекува да глумиме патриоти. Ние сме државотворна партија. Ние сме партија што беше пример за мултиетничкиот соживот. Ние сме партија што ја стави на стабилни нозе оваа наша земја. Обидовајќи се да ќариме поени кај граѓаните играјќи на патриотски варијанти , како на пример со Законот за бранителите, Струга, Кичево, многу варијанти, не ни причат на нас социјадемократите. Луѓето очекуваат да бидеме за кохезивност, да бидеме сплотувачкиот фактор во оваа земја, изјави тогаш Заев.

ВМРО-ДПМНЕ денеска во соопштение обвини дека доколку СДС не се плашеше од гласот на Македонските граѓани и доколку на криминалецот Заев нивната волја му беше поважна од обврските кон нарко-дилерите и сите кои го негираат македонскиот идентитет, веќе ќе почнуваше кампањата за предвремените парламентарни и локални избори.
-Доколку криминогеното раководство на СДС имаше образ и одлучеше да ги праша граѓаните за Тиранската платформа, наместо постизборно да им ја подметне, веќе наголемо ќе течеа дебатите околу штетните последици од кукавичкото прифаќање на елементите од платформата. Доколку СДС наместо антидржавна и антинационална политика, донесеше демократска одлука да се оди на избори, на 7 или на 14 мај ќе се знаеше волјата на народот и Македонија ќе ја отвореше вратата за излез од политичката криза. Наместо храбра и државничка политика, криминалецот Заев одбра да се спасува од кривична одговорност и да ги прифаќа сите уцени, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Локалните избори кои требаше да се одржат мај оваа година, ќе бидат одложени сигурно. Денеска во Уставниот суд пристигна иницијативата за проверка за членовите з5 и 49 од Законот за локална самоурава, односно се бара укинување на одредбата со која се утврдуваше рокот за  утврдување на термин за изборите, а со самото тоа се ограничуваше мандатот на советниците и градоначалниците. Ова барање е со цел да не се блокира работењето на општините во периодот додека да се одржат изборите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This