ЗАХАРОВА:Одлуката за напад на Сирија е донесена врз основа на информации од социјалните мрежи-крајно несериозно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одлуката на западната коалиција за напад на Сирија е донесена врз основа на информациите од медиумите и од социјалните мрежи, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

Како што изјави, медиумите можат да сносат одредена одговорност по прашањето на вистината на одредени информации, но да се зборува за вистинитост на социјалните мрежи нема никаква смисла.

„Во овој случај целокупната одговорност од разузнавачките служби се префрла на медиумите, кои само шират информации кои немаат никаква заедничка точка со реалноста. Сите го паметат Ирак, кога тогашниот државен секретар Колин Пауел покажа епрувета со хемиска супстанца. Тогаш сите медиуми излегоа будали“, наведува.

Захарова оценува дека САД, Велика Британија и Франција го занемариле Советот за безбедност и го ставиле под прашалник цивилизираното однесување на државите. ,,Пред анши очи се крши меѓународното право, се појавува апсолутно непочитување на мешународните институции“, истакнува Захарова.

Советот за безбедност треба итно да заседава и да ја разгледа целокупната состојба за извршениот напд, кој беше незаконит.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This