March 28, 2024, 10:59 pm

ЗА НАТО НЕМА ПОЛОШИ ВЕСТИ ОД ОВИЕ: Новиот „бел лебед“ ТУ-160М2 излезе од производните хангари во Казањ, Русија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Легендарниот советски и руски суперсоничен бомбардер ТУ-160, со НАТО ознака „блекџек“, се враќа на сцена. Овој пат стигнува во модернизирана верзија. Прочуениот стратешки носач на ракети доби и нови можности и ознака ТУ-160М2. Првиот авион од оваа серија веќе излезе од хангарот во Казањ, а прв пат ќе лета во фебруари идната година

Според плановите на Министерството за одбрана на Русија сериското производство започнува во 2021.година, а модернизираните „бели лебеди“ треба да ја засилат руската нуклеарна тријата.

Новата модификација на бомбардерите ТУ-160 подразбира нов систем, кој ќе овозможи побрзо да се исполнуваат задачите поставени како цел, според мислењето на експертите, нуклеарно заплашување на противниците.

„Првиот стратешки бомбардер ТУ-160М2 е направен во новата фабрика (Горбунов) во Казањ, опремен е со нова радио-електронска опрема и мотори НК-32 од втора серија, а започнати се и тестирањата во лет, како и тестирања на земја“, напиша на Фејсбук потпретседателот на Владата на Русија Димитриј Рогозин, кој исто така рекол дека испораката на тие бомбардери ќе започне во 2023. година.

Иако наизглед малку се разликува од својот претходник, во новиот ТУ-160М2 се наоѓа совршено нова машина. Главните измени опфаќаат нови електронски систем на опрема и нов систем за радио-електронска борба.

Модернизацијата на тој тип авиони подразбира изработка на нови компјутерски и управувачки системи, како и контролни уреди, усовршување а радарскиот систем и систем за управување со вооружувањето.

Максималната брзина на ТУ-160М2 е преку два маха, а авионот може да понесе крстосувачки ракети со голем дострел, кои се лансираат вон зоната на удар на противракетната одбрана на противникот.

Познато е, како што наведуваат руските медиуми, дека, покрај средствата за откривање на непријателски проектили, модернизираниот ТУ-160М2 ќе добие и заштита од сите врсти на ракети.

Рускиот ТУ-160 е најголем суперсоничен бомбардер во историјата на воената авијација, а се произведува од осумдесетите години на минатиот век.

„Белиот лебед“ и денес е активен во руската авијација, која го смета за своја гордост. Бомбардерите одлично се покажаа во сириската кампања, послужија како носачи на убоити крстосувачки ракети Х-101, кои имаат радиус на делување од 4.5 до 5 илјади километри.

Воздушно-космичките сили на Русија планираат да купат 50 нови воздушни носачи на ракети, но и постоечките 16 авиони Ту-160 ги очекува модернизација.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This