ЗА ОВОЈ АВИОН НИКОЈ НИКОГАШ НЕ СЛУШНАЛ: Страшниот руски „летечки радар“ А-50У!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Авионот за далечинско радиолокационо откривање и управување А-50 значајно ќе ја зајакне авијационата група на руските воздушно-космички сили во Сирија и ќе ја обезбеди контролата над воздушниот простор на земјата, смета коментаторот на весникот „Нешнл Интерест“ Том Купер

a50U-Avion_Ruski

За разместувањето на „летечкиот радар“ А-50 во Сирија претходно соопштуваа медиумите, објавувајќи сателитски снимки од авио-базата во Латакија

„Во позадина на развојот на ситуацијата во Сирија распоредувањето на тој авион навистина има смисла“, смета новинарот. Според неговото мислење, испраќањето на А-50 во зоната на конфликти е одговор на неодамнешниот ракетен напад на САД на аеродромот во Шаирату. Авионот ќе ја обезбеди руската војска со сите потребни информации за ракетните лансирања во опсег на својот радар, смета коментаторот. Тој наведува и дека системот за далечинско радиолокационо откривање ќе ја подобри и соработката помеѓу компонентите на авијационата група на Воздушно-космичките сили на Русија.

Авторот обрнува внимание и на тоа дека во Сирија е испратена најсовремената верзија на „летечкиот радар“ А-30У. Авионот е модернизиран радиотехнички комплекс „Шмељ“ кој може да открие цели на растојание од 300 до 600 километри. Новото модифицирано летало доби и дигитиален систем за предупредување и кабина со зголемен конфор која може да се користи за подолготрајно патролирање на воздушниот простор. Освен то, А-50У се разликува од своите претходници и со поголемиот долет.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This