March 28, 2024, 12:22 pm

ЗНАЕ ЛИ ПЕНС КАДЕ ВООПШТО СЛЕТАЛ: Ако Црна Гора е гарант за стабилност, црно му се пишува на Балканот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Безбедноста за САД значи недостаток на безбедност за другите, а стабилноста недостаток на стабилност на другите. Се знае дека Американците се прилично слаби во географија, па прашање е дали Пенс воопшто знае каде слетал

На стабилноста на Балканот црно и се пишува, е првата работа која според мислењето на аналитичарот Александар Павиќ може да се заклучи по изјавата на потпретседателот на Америка Мајкл Пенс дека Црна Гора е гарант на стабилноста во регионот. Друг важен заклучок, додава Павиќ е дека Црна Гора не е во состојба да ги изгаси пожарите на сопствената територија, дури ниту оние во близина на престолнината, па ако тоа е гарант за стабилноста на Балканот, тогаш тој оган на стабилност брзо ќе го зафати целиот регион.

Воениот, па и поитичкиот потенцијал на малата Црна Гора, која е џуџе дури и во однос на државите во регионот, како и по бројот на луѓе под оружје така и воопшто според потенцијалот кој може да го има, новинарот за подгоричкиот весник „Ден“ Марко Вешовиќ јасно е дека изјавата на Мајкл Пенс, во секој случај, не е мотивирана од фактот дека Црна ГОра сега може некому нешто да помогне во безбедносна смисла.

Меѓутоа, напоменува Вешовиќ, пораката на Пенс предизвикува одредени контроверзи, бидејќи е евиденто дека земјата која има помалку од илјада војници под оружје не може да биде ништо посебно, ниту посебно да помогне во смисла на регионална стабилност, но она што Црна Гора го претставува во политичка смисла е обидот да се наметне некој позитивен пример во регионот.

Криминалот и корупцијата не се за извоз

„Бидејќи живеам тука, ќе ви кажам од прва рака дека ништо не се промени со влезот на Црна Гора во НАТО. И понатаму имаме криминализирана, корумпирана, мафиокартска структура на власт која не отстапува од своите претходни пракси. Нема конкретни промени во праксите, во однесувањето, во функционирањето на државниот апарат, во соочувањето со злочинот кој е направен во минатото и конечно казнување на корупмираните, и со организиран криминал поврзани политичари, а такви во црногорската владеачка структура за жал има многу“, категоричен е Вешовиќ за Спутник.

Пораката на американскиот потпретседател освен политичкото значење, резимира Вешовиќ, во суштинска смисла апсолутно не допринесува во разбирањето на вистинската позиција на Црна Гора во конструкција на регионалните односи.

Кога ќе видиме дека најголемата база надвор од Америка, Бондстил на Косово, која не е во состојба да се стабилизира, туку, како што воочува Александар Павиќ, претвори можеби во најнесредено и највеќе криминализирано општество во светот, тогаш ќе видиме од кое стојалиште настапува Пенс.

За Американците се знае дека се прилично слаби во географија, додава Павиќ, прашање е дали Пенс воопшто знае каде слетал.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This