КОЛУМНА НА АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ: Рејтинг бламажа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како долгогодишен истражувач, (пред  да образложам ќе се прокламирам како познавач, а не како експерт, зошто од експерти више на сите ние преку глава), сакам да направам мал осврт на една несреќна анкета, која требаше да го сврти вниманието врз себе, но, која згасна уште пред да блесне, нанесувајќи огромна штета, како на агенцијата изработувач на анкетата, така и на нарачателот на истражувањето. Нејсе, за што станува збор:

Анкетите кои деновиве излегоа по медиумите спроведени од страна на “реномираната” агенција „Рејтинг“ се навистина за голем сомнеж и за потсмев. Да се резбереме, не зборувам за текстовите кои се додаваат во медиумите во кои се објавуваат тукиу чисто за параметрите, начинот на кој е спроведена, обемот на испитаници  и секако она што го пласираат како краен исход или веродостоен резултат. Според сите стандарди за испитување на јавно мислење оваа е класична рејтинг бламажа. Зошто?

Како прво, една анкета за испитување на јавно мислење за да се земе како веродостојна,  потребни се минимум  илјада испитаници, во овој случај 600 испитаници за анкетата во Карпош и 800 за анкетата за град Скопје

Второ,  за да отстапките од крајниот исход на анкетата  или максималната статистичка грешка во рамки на општ примерок бидат уште помали во овој случај 3,9% што е плафон (дозволена научна маргина е 2,4%, а толерантна граница за статистичка грешка е максимум 3.1% ).Значи во старт се „доблесни“ и си признаваат дека податоците им се грешни над дозволеното. Браво „Рејтинг“!

Трето, за да не им се случи ваков професионален дебакл и бламажа постои опција (која за жал не ја искористуииле) со која бројот на испитаници се зголемува и токму затоа  се потребни минимум илјада примероци со даден конкретен одговор од посочените опции или прашања  од анкетата, со што се намалува процентот на статистичка грешка. Сите испитаници над параметарот  1.000 влегуваат во дополнитална проекција од типот на неутрален или неопределен одговор на анкетата.

Четврто, процентот на неопределени 14,5%  и  неизјаснети испитаници 8% е прилично висок за анкетата да води до заклучок за комотна предност на било која опција во анкетата.

Еве една кратка симулација:

Ако Богоев има предност од 10% на 600 испитаници вклучувајки ги и неопределените 14,5% , неизјаснети 8% и 4% простор за статистичка грешка, по принцип на етика, статистичката грешка се одзема од лидерот на анкетата во овој случај од 10-те % на Богоев, што значи 10-4=6% на примерок од 600 испитаници.  Останатите 22,5% се делат на еднаков дел и нема да влезат во калкулација. На крај доаѓаме до заклучок дека 6% од 600 испитаници или 36 единици кои биле предмет на оваа анкета не можат и не смеат да се толкуваат како “комотна” предност, а ако се земат во предвид  горенаведените неправилности ќе дојдеме до заклучок дека или нарачаната анкета не водела до очекуваниот исход на нарачателот или е избрзана и недовршена, крајно тенденциозна и наклонета и се користи за креирање на јавното мислење, а не за испитување на истото.

Извинете „Рејтинг“ ама „Павел Шатев“ се по професионални од вас зашто внимаваат на стандардите, и научните норми достојни на една издржана анкета, а и ЦИА(Центар за истражување и анализа) се сосема попрофесионални од вас.

И на крајот зошто се избламираа? Јас верувам дека тие тргнале сосема професионално, ама на сред пат налетуваат на најголемата сопка: Стевчо Јакимовски како кандидат на ГРОМ сериозно води пред нивниот клиент Богоев и во општата паника, тие меѓу пропаганда и професионализам се фаќаат за ова првата. За жал колегите ги следат и остануваат подзинати. Вреди ли цената за губење углед, за мало лузерско додворување?

 

Авторот е претседател на градската организација на ГРОМ и член на претседателството на партијата.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This