КОЛУМНА НА ГОРАН АНЧЕСКИ: Хипноза или што и да е

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Што ментален склоп имаат пратениците од СДСМ и независните да се прават недоветни, слепи при очи, глуви при уши?

Дали се хипнотизирани од функцијата пратеник или се хипнотизирани од квалитетот и квантитетот на влијанието на оние што треба да ги заштитат?

А треба да се запрашаат, кого штитат и за која цена, кој добива, а кој губи со нивното присуство на седницата и со притискање на копчето „ЗА„ за закон со кој го канибализираат народот на кој припаѓаат или припаѓале нивните претходници. А треба длабоко да размислат и тие и нивните поколенија на кого ќе припаднат и што ќе бидат, дали ќе бидат само лица со лузни и можеби маски. Ни ординациите за естетска хирургија нема да бидат од помош.

Ве избраа да бидете претставници на народот во највисокиот законодавен дом, што подразбира покрај тоа што ќе гласате за нови предлог закони, треба ѝ да ги почитувате сите закони, подзаконски акти и деловници кои се во сила. Не е ваша обврска да учествувате во противуставна процедура на прекршување на закони и на деловникот за работа во „вашето„ собрание. Многу добро знаете што требаше да направите бидејќи тоа е сеуште собрание на Република Македонија за чија унитарност пратениците положиле заклетва.

Колку чини задоволството да се биде пратеник и да се ужива пратенички имунитет во закрилата на лидерот? Можеби треба да размислат колку чини нивниот срам бидејќи покрај тоа што се пратеници, тие се ѝ претставници на гласачи кои не им дале доверба ниту право да газат по нивното достоинство. Или и тоа не е важно бидејќи се слепи послушници, а ќе бидат избеглици.

Една од поинвентивните констатации за однесувањето на пратениците од коалицијата „Живот за сите„ може да се најде во неодамнешното писание на професорката Каролина Ристовска-Астеруд каде што се вели дека „треба да си или да глумиш тежок глупак за да не процениш дека гласањето за Законот за употреба на јазиците е тиранија на малцинството и дека е поразорна од тиранијата на мнозинството, по својот обем, баш оти е врз мнозинството, дотолку повеќе кога е комбинирана со сериозни дози на национализам и национал-шовинизам, за кои некои, упорно спинуваат слепило. Сето тоа збиберено со серија колективни комплекси или фрустрации, оправдани или не, па те вгнездени инфериорности, те извештачени супериорности без покритие”

При разгледување на предлог закони, должност на пратениците е да побараат да им биде доставена анализа на трошоците за имплементација на било кое законско решение (фискални импликации). Нема ништо бесплатно. А имплементацијата на законот за употреба на јазиците ќе чини многу. Да импровизирам, тие трошоци нема да бидат помалку од 6 милијарди денари или 100 милиони евра на годишно ниво, без скриените трошоци кои не може прецизно да се предвидат. Повеќе од 100 милиони евра, но не еднократно годишно, туку секоја година и секоја наредна година по толку или повеќе. Ама за нив што се 100 милиони евра тие се пратеници-послушници, нека му ја мисли тој што им наметнал да гласаат за такво законско решение и тој што треба да се грижи за државната каса ни крив ни должен, министерот за финансии. И во Данска и во Албанија се бара анализа за долгорочните фискални импликации за било кое законско решение.

Ќе заврши овој пратенички мандат и потоа што ќе прават дури и да не се кандидираат на следните избори. Бидејќи надежта последна умира, можеби ќе ги хипнотизираат гласачите во нивните изборни единици со трикови и црна магија.

А во секојдневниот живот пак ќе глумат лудило водени од народната „терај точкот, кучињата лаат, карванот врви„. Ако им дозволат нивните сограѓани затоа што на секоја акција има и реакција.

Горан Анчески, Потпретседател на ГРОМ

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This