КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Употребна вредност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Косово си го покажа своето лице пред целиот свет. Вообичаено кога нешто на властите во нивната земја нешто не им оди, прибегнуваат кон работи слични на она што се случи пред два дена во Косовска Митровица. Убиството на Оливер Ивановиќ не е воопшто наивно. На Косово во моментов хараат странските разузнавачки служби. Има дури 17 американски, плус НАТО; Русија има три свои служби; Турција, Албанија, Германија и згора на тоа тајните разузнавачки служби на косовските власти, како и други служби на помалку експонирани земји. Со ова убиство се праќа порака до меѓународната заедница, до Србија, до Брисел и до соседните земји.

Разузнавачките служби кои го подготвувале овој атентат очигледно барале лице со висока употребна вредност, па одлучувано е помеѓу градоначалникот на општина Штрбце и несреќниот Оливер Ивановиќ. Зошто? Затоа што, веќе покојниот е многу попознат на јавноста. До скоро лежеше и притвор. Влезе во одредени политичкити несогласувања со српските власти. Со ова се сака директно да се стави до знаење што ќе се случи ако се продолжи со инсистирањето да се формира судот за воени злосторства на Косово. Од друга страна, директно се влијае на преговорите помеѓу Приштина и Белград во Брисел. Се внесува несигурност кај српското население на Косово. И, не само на Косово туку и во соседните земји.

Се поттикнува српската опозиција да го злоупотребува политичкото несогласување на Олиер Ивановиќ и државното раководство како причина за атентат. Значи овој атентат ќе се користи и за интра-српска пресметка. Затоа убиството на Ивановиќ има висока употребна вредност. Во регионот ништо нема да биде исто по овој атентат затоа што повеќе од очигледно е дека Балканот врие.

Од друга страна повеќе разузнавачки служби тврдат дека во една соседна земја се обучуваат 3.000 Ирански екстремисти кои треба да влезат во нивната матична земја и да го извршат превратот кој засега е неуспешен по стивнатите Новогодишните протести. Се проценува дека Иран има силна армија како и меѓу 10-те најдобри специјални единици, па затоа се подготвуваат дури три бригади тука на Балканот. Но, воените познавачи сметаат дека Иранската армија жестоко ќе одговори како на надворешните, така и на внатрешните обиди за преврат. И не еднаш, туку пет пати пожестоко ќе одговорат од масакрот што се случи на плоштадот Тјен Амен во Кина. Но додека тие се подготуваат и чекаат погоден момент да заминат за Иран, се плашам што ако тој погоден момент не дојде во блиска иднина. Каде ќе завршат и каде ќе ја потрошат стекнатата вештина и енергија и жед за крв овие 3.000 луѓе што се обучуваат во оваа наша соседна земја.

Додека Балканот врие, нам сите карти ни се ставени на НАТО. Не ни требало силна армија, НАТО ќе не бранело. Не ни требаат радари, ракетни системи, хеликоптери и авиони оти друг ќе ни го берел гајлето.

Балканот врие, а нашето раководство си чека Нова Година во Солун, си се скија во Италија, а мечката игра во комшии. Од комшии, ќе дојде и кај нас.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This