Целиот свет без здив ја прати најновата ескалација на кризата во Северна Кореја, а руската авијација ги прелета неутралните води над Јапонското, Жолтото и Источното кинеско море, обиколувајќи го Корејскиот полуостров. Летаа стратешките носачи на ракети ТУ-95МС, а ги пратеа ловци СУ-35С и авиони за радарско надгледување и наведување А-50У, познат и како „летечки радар“
Овој авион на западот е познат по кодното име на НАТО „Мејнстеј“. Авионите „Беријев“ обично носат почетна руска ознака „Б“ пред бројот, но леталото ја задржа и ознаката „А“ која Беријев му ја додели на прототипот.
Авионот А-50 открива и идентификува објетки во воздух, одредувајќи ги нивните координати и податоци за патот на летот и пренесува информации на командните центри. А-50 исто така делува како контролен центар, наведувајќи ги ловците-пресретнувачи и тактичките воздухоплови во цели за напад на земски мети и на мали надморски висини. Улогата на А-50 е слична на онаа која во американското воздухопловство ја има Е-3 АЕВ, систем кој го разви „Боинг“.
Леталото е развиено од транспортниот авион „Иљушин“ ИЛ-76МД.