Неизвесно Европското првенство во ракомет во Загреб

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На само три дена пред почетокот на Европското првенство во ракомет, што ќе се одржува во Хрватска, организаторите се соочуваат со сериозен проблем. Компанијата „Ингра“ која ја изгради „Арена Загреб“ се закани дека вратите од салата ќе останат затворени за натпреварите од Европскиот шампионат.

Според хрватските медиуми, градот Загреб нема платено за користење на „Арена“, а притоа има долг и од Светското првенство од 2009 година од околу 200.000 евра.

Во првата фаза од шампионатот во Загреб треба да се играат натпреварите од групата Ц каде покрај македонската репрезентација се наоѓаат уште селекциите на Црна Гора, Словенија и на европскиот шампион Германија.

Во втората фаза натпреварите треба да ги игра и домаќинот Хрватска, а во оваа сала која е и со најголем капацитет од 15.000 места, ќе се игра завршницата.

„Арена Загреб“ е отворена во 2008 година и нејзината изградба чинеше 87 милиони евра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This