НЕСАКАЈЌИ ГО ПРИЗНА КРИМИНАЛОТ: Анѓушев призна дека управителите се само кукли, а тој одлучувал за астрономските бизнис зделки на неговите фирми

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кочо  Анѓушев во вчерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телма призна дека тој е оној кој одлучува во неговите фирми, а не управителите. Во врска со тендерот на ЕЛЕМ во вредност од 2.6 милиони евра, на кој една од пријавените фирми беше фирмата на вицепремиерот „Фероинвест“ и за кој беше прозиван од јавноста и партијата ВМРО-ДПМНЕ за судир на интереси, и злоупотреба на службената положба, под притисок на јавноста не го зема тендерот.

 

„Јас не се повлеков од тендерот, него дозволив едноставно да не го добијам и тоа беше мојата морална димензија во тој тендер.“ Рече Анѓушев, вчера во „Топ Тема’ при што јавно кажа дека не се управителите тие кои што одлучуваат за дејствувањето на неговите фирми, туку лично тој.

Со оваа изјава на Анѓушев се легитимираат сите прозивки од ВМРО-ДПМНЕ и јавноста за судир на интереси во случајот тендери на ЕЛЕМ, во кои „Фероинвест“ се јави како понудувач. Со што се потврдува дека Анѓушев е тој кој одлучува и во „Фероинвест“ и во владата.

– За да се оправда самиот себеси и криминалната врхушка се обидува да ја изманипулира македонската јавност со смешни образложенија дека тој не е управител на фирмата „Фероинвест“, туку дека управител е друго лице, а тој е само сопственик, изјави СлевчеТрпевски од ВМРО-ДПМНЕ, во врска со наводите на Анѓушев.

Трпески продолжи дека: Ова е скандал од огромни размери. Сите независни правни експерти го осудија вицепремиерот Анѓушев, кој додели тендер сам на себе во висина од 2.6 милиони евра.

Со својата изјава Анѓушев ги потврди сите обвинувања, за можен криминал во тендерската постапка, како што призна самиот тој не дозволил да не го добие, што значи дека има целосна контрола врз процесите и врз двете страни на постапката, и државата чиј репрезент е ЕЛЕМ и сопствената фирма „Фероинвест“.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This