ОПШТЕСТВОТО ТОНЕ ВО БЕЗДНА БЕЗ ВРЕДНОСТИ: Нема одговорност за починатата родилка на приватната клиника, Филипче го заташка случајот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наместо одговорност и реформи во здравството, истото пропаѓа во хаос, а неодговорноста е принцип на владеењето како на раководните структури во Министерството за здравство така и на целата Влада предводена од Зоран Заев

Мајка почина на породување, во приватна клиника, и тоа во интервенција која ја вршел лекар од државното здравство. Наместо кривична одговорност за докторот, но и за министерот, гледаме покривање на грешките помеѓу солидарните доктори. Филипче, најверојатно ќе го „казни“ анестезиологот со бркање од работа докторот кој веќе работи во приватната клиника.

Образложението секако е банално. Причината за бркањето од работа на анестезиологот не е неговата грешка која резултираше со смрт кај родилката, туку тоа што Клиниката немала склучено договор за размена на доктори со приватната болница. Значи, административни пропусти, наместо одговорност за загубениот живот. Ако постоеше таков договор, немаше да одговара ниту докторот.

Впрочем, кој доктор би сведочел и би казнил друг за лекарска грешка? Никој и никогаш, а тоа се потврди и во овој случај. Не беше пронајдена лекарска грешка. Тоа што министерот и самиот е доктор само дополнително придонесува за заташкување на стиуацијата.

Треба да се има во предвид и реакцијата на т.н. невладини организации кои селективно се однесуваат на неправдата нанесена врз граѓаните. Селективно, или диригирано. Како сакате. Имено, ако ова се случеше во времето на владата на ВМРО-ДПМНЕ досега „шарените“ на чело со Милчин, Фрчкоски, Ордановски, Богоевски, Туфегџиќ и останатите ќе бараа оставки од министерот и затвор за докторот. Но бидејќи нивниот диригент сега е власт, ништо од барањето за правдини. Сега се е ок.

Колку за инфомрација, уште првио ден по отказот, докторот веќе работи во приватна клиника каде зема најмалку четири пати поголема плата од државната. Бебето ќе расте без мајка, а СДС ќе продолжи да носи живот.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This