ПЛАНОТ 3-6-9 ИМА ЛАЖНИ ПОДАТОЦИ: Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ објави дека во планот 3-6-9 има лажни податоци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостувањето во емисијата „Топ Тема на Ваша Страна“ истакна дека Планот 3-6-9 кој што го промовираше владата на СДСМ е небулозен и изобилува со голем број на лажни податоци.

Според него во овој план не се содржани реформи, туку работи кои што се обврска на секоја влада.

Николоски нагласи дека ваков план веќе постоел и бил наречен НППА.

-Во поглавје 3 Собрание, точка3.1 вели редовна и суштинска надзорна работа на Комисијата за надзор на управата за безбедност и контраразузнавање и агенцијата за разузнавање пишува дека рокот е континуирано, а статус на реализацијата е во тек. Ова значи дека Собранието врши надзор над управата за безбедност и контраразузнавање и агенцијата за разузнавање. Која е вистината? Разговарав со претседателот на Комисијата и вистината е дека таква евиденција односно надзор не е направен, причина е поради тоа што Комисијата беше направена надвор од Деловникот со мнозинство од власта иако треба да е со мнозинство од опозицијата и таа грешка е поправена пред само една недела, рече Николоски.

Николоски додаде дека во комисијата за надзор на управата требало да се избере експерт од Агенција за реформи. Тој кажа дека за изборот на лице експерт во Комисијата учествувале и власта и опозицијата, каде што се избрало лице, но Талат Џафери од позиција на сила изјавил дека нема да биде тој експерт туку друго лице кое што е надвор од Агенцијата за реформи.

Во планот има цело поглавје кое што се вика „Именување“. Точка еден вели: продолжување на консултациите со претседателот на државата за потполнување на испразнетите места во дипломатско-конзуларните претставништва. Точка два: е избор на јавен обвинител. Трета точка: избор на членови на Уставен суд, избор на членови на Совет на јавни обвинители, именување на лица на раководни позиции преку транспарентна постапка, именување на членови на управните и надзорните реформи во согласност со правната рамка и избор на судии на испразнетите места.

Според Николоски ова е смешно и несфатливо за граѓаните, бидејќи ова не може да се нарече реформа, туку обврска и работа на секоја влада, министер и носител на јавна функција.

-Зошто имаме корупција, грабежи и рекет низ државата, а не се расчистени е поради тоа што реформите се сведуваат на потпишување на меморандуми и стратегии, пример мерка која што е реализирана е потпишување на меморандум за размена на информации за потребите на истрагите помеѓу МВР, Јавното обвинителство и основниот суд, што им е работата на овие три институции да го работат меѓу себе, заради тоа што законски така се регулирани односите, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николоски.

На крај Николоски спомена дека до Европската Комисија испратиле неколку писма за сите незаконски вработувања и разрешувања која што ги направила владата на СДСМ.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This