March 29, 2024, 12:02 pm

ПО ЗАМИР И ГОРАН: Советникот на Оливер Спасовски во бордот на директори на Македонски телеком!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На својот фајбук профил, доскорешниот советник во МВР се пофали со своето ново работно место во бордот на директори на Телеком. Тој постираше фотографија на која што е во прегратка со Замир Мехмети, брат на поранешната пратеничка и член на ДУИ Ермира Мехмети, кој е еден од водачите на таканаречената „Шарена револуција“

Владата пред повеќе од два месеци достави предлог до Македонски Телеком за именување на нови директори во бордот на Телеком.. Во предлозите на владата стоеја и двајцата, како проверени кадри на СДСМ, од исклучителна доверба на Спасовски и Заев.

Горан Трајановски важеше за десна рака на актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и беше предложен за главен оперативен директор, а Замир Мехмети за неизвршен независен член.
Инаку, Оливер Спасовски кога беше назначен на позицијата технички министер за внатрешни работи го наполни кабинетот со партиски кадри на СДСМ кои претходно немале никакво искуство во полицијата. Тогаш Оливер Спасовски го назначи Горан Трајановски за Државен советник за телекомуникации и информатика.

За Замир Мехмети излегоа многу информации во јавноста меѓу кои дека Замир лично барал од Зоран Заев вработување во Македонски Телеком на некоја раководна функција каде што ќе може да ги користи сите подобности како што се автомобили, шофери, платени ручеци додатоци и плата не помала од 3.000 евра. Исто така поставил ултиматум дека ако не било претходното возможно да биде назначен на раководна функција во Агенцијата за медиуми или АЕК. Тој според информациите го искористил погодниот момент за да направи притисок на Зоран Заев пред локалните избори.

Според ова не е ни чудо што владата на Зоран Заев го предлага Замир Мехмети братот на Елвира Махмети, за неизвршен независен член во Телеком. Долгот кој Заев го има спрема албанските коалициони партнери полека се отплаќа. Работата на новата власт се темели на уцени и закани од албанските активисти и албанските коалициони партнери.
Целосната партизација на државата продолжува со што ги надминува државните институции. Владата на Зоран Заев на чело со СДСМ почна со поставување на свои луѓе и во приватни компании за очигледна цел а тоа контрола на капиталот.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This