Трагедија во Скопје: Почина четиригодишно девојче што вчера беше прегазено

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Четиригодишно девојче почина во болница откако вчера во 13.30 часот во Скопје, беше прегазено на ул. „Цветан Димов“.

soobrakjajka-soborna-5

До соoбраќајната незгода дошло кога автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано Б. Б. (62) од Скопје удрил во четиригодишното девојче, пешак, од  с.Моране.  Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди по што со друго возило било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде по укажаната лекарска помош, во 21.30 часот истата починала.

По незгодата Б.Б. бил лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Истиот е задржан во полициската станица во Бит Пазар, а денеска ќе биде изведен пред надлежен судија.

Во врска со настанот еден полициски службеник се здобил со повреди. Истиот, при преземање службени дејствија, односно при обид да спречи лица да го нарушат Јавниот ред и мир се лизнал и се самоповредил, при што бил префрлен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му биле констатирани телесни повреди.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This