ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Утрово 23-годишно момче загина кај Велес

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

 23-годишен кавадарчанец загинал утринава во сообраќајна несреќа што се случила во близината на Велес.

kamion-1

Загинатиот бил возач на камион со приколка од марката „Сканија“, кој  од засега непознати причини се излизгал од патот при што се прекршил, а едниот дел од возилото висело над провалија.

kamion-3

Сообраќајната несреќа се случила на влезот во градот од источна страна.

По несреќата, веднаш интервенирала екипа на итната медицинска служба, која успеала да го извлече возачот од провалијата и да го пренесе во велешката болница. Веднаш му била дадена прва помош, но поради сериозноста на здобиените повреди тој починал во болницата.

kamion-2

На местото на несреќата трае увидот во присуство на основен јавен обвинител и на екипи на СВР Велес. Од полицијата велат дека во текот на денот, односно по завршувањето на увидот ќе дадат подетални информации за причините на несреќата.

kamion-4

 

ФОТО: КУРИР

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This