УСПЕШНА ЕВРОПСКА ПРИКАЗНА: Општина Карпош и градоначалникот Јакимовски со највисоки европски признанија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Клучот и врвот на мојата градоначалничка кариера се решавање на инфраструктурните проблеми на граѓаните во општина Карпош, самиот факт што при сите порои, при сите поплави во општина Карпош, да немаме поплавени и по овие најголеми дождови тоа покажува дека општина Карпош сме ја подготвиле за наредни 30 години, вели градоначалникот на Општина Карпош Јакимовски во интервјуто за Europian Times
482367-karposh-uspeshna-evropska-prikazna
Тој вели дека вообичаено е градоначалниците да сакаат најмногу да градат нешто што е над земја кое е видливо и кое носи најмногу поени, меѓутоа за општина Карпош изминативе 8 години доминантно е да биде она што е под земја и она што е невидливо и она што е многу корисно за граѓаните на општината.

-Од друга страна се гордееме со тоа што сите 10 училишта ни се реконструирани, се гордееме со тоа што од 9 градинки 4 се реновирани, оваа година планираме уште 3 да реконструираме, се гордееме бидејќи најголемата општинска зграда е изградена со сопствени средства во Република Македонија тоа ќе биде Општина Карпош, четири и пол илјади метри квадратни општинските службеници ќе имаат на располагање, се надевам дека тоа ќе биде готово до јуни месец и она што е за нас многу битно е тоа што ниту една општина во Република Македонија не врши реконструкција на фасадите на колективните станбени згради, практично со тоа правиме заштеда на енергија и на граѓаните, заштеда на енергија и на општеството, се вклучуваме во оној протокол 20/20/20 што значи намалување на емисијата на гасови во атмосферата 20 отсто, намалување на потрошувачката на енергија 20 отсто и 20 отсто обновливи извори на енергија, а тоа е со нашата намера натаму греењето на нашите објекти што ги имаме училишта, градинки и општинската зграда да се греат на обновливи извори на енергија. Веќе имаме 3 такви објекти направено, потенцира градоначалникот Јакимовски.

Во интервјуто за Europian Times, Јакимовски потенцира дека на територија на општина Карпош постојат успешни компании.

-Успешна Бизнис приказна е Реплек. Таа е една фабрика која е останата уште од социјализмот, меѓутоа го преживеа и транзициониот период и денеска таа е успешна компанија. Успешна компанија е и делот на Фершпед со хотелот Александар Палас, успешна приказна кај нас е Аџи Бадем Систина, како и Филип Втори кој егзистира од 1999 година на територија на општина Карпош. Имаме доста приватни компании на пример Адора Инжинеринг која е исто така успешна приказна од нашата општина, вели Јакимовски.

Тој истакна дека Македонија не е совршена држава, меѓутоа од година во година е се подобра во однос на многу други балкански земји во поглед на функционирање на парната држава, во поглед на безбедноста на граѓаните и во поглед на бизнис-климата.

-Точно е дека имаме свои проблеми, но предноста на Македонија е тоа што е мала држава и ако било кој инвеститор има било каков проблем, многу лесно се доаѓа до одговорен авторитет кој со своето влијание, нормално, во законски рамки ќе може да ги разреши одредени проблеми или пречки кои се наоѓаат за инвестициите, многу лесно и брзо се доаѓа до градоначалник, до министер, заменик-министер па и до премиер и претседател на држава и мислам дека тоа е голема предност во однос на големите држави и големите системи, рече Јакимовски во интервјуто за Europian Times.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This