УШТЕ КОЛКУ ФИРМИ ЌЕ „ПАДНАТ“ ПОД КАПАТА НА ЗАЕВИ: Целта на Заев е да овозможи што е можно поголемо ширење на бизнисите на своите роднини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во времето кога Зоран Заев беше градоначалник делеше голем број на тендери во општина Струмица, фирмите на Заеви преку сомнителни зделки со кои купуваат удели во текстилни гиганти за багателни суми од 20 илјади евра. Само две или три продавници на гигантот „Герас Цунев“ чинат повеќе од 20.000 евра. Една гарсониера во Скопје чини повеќе од четвртина удел во комбинатот „Герас Цунев“, истакна на денешната прес-конференција Соња Гелова Стојанова од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев пред некое време сам призна дека сон му е да се врати во фирмите на Заеви и да го продолжи управувањето на бизнис империјата која сесрдно ја помагаше изминатите години. „Би сакал да се вратам во фирмата „Еленица“ и да ги водам комерцијалните работи на фирмите на Заеви. Тоа е мојот сон“.- ова го кажа Заев. Дали дел од сонот на Заев беше и водењето на комерцијалните работи на „Герас Цунев“?, прашува Гелова Стојанова.

Таа вели дека целта на Заев е да овозможи што е можно поголемо ширење на бизнисите на своите роднини, па веднаш после падот од власт да има што е можно повеќе фирми за водење.

-Уште колку фирми се на списокот желби за купување по багателни цени во време кога Зоран Заев е на позицијата премиер на Република Македонија? Зошто и СДС, Зоран Заев и владата молчат за оваа скандалозна трансакција, во време кога секој економски параметар паѓа, кога сите фирми во државата стравуваат за своето опстојување, а само фирмите на Заеви и Кочо Анѓушев растат. Граѓаните ова го гледаат и ќе го казнат многу скоро, на претстојните локални избори. Тоа ќе го отвори процесот на предвремени парламентарни избори на кои ќе се стави крај на ова лудило на Заев и неговата бизнис камарила околу него, истакнува Гелова Стојанова.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This