ФИНГИРАНА СООБРАЌАЈКА И ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Митревски обвинува за притисоци и закани по живот, нелегитимниот Димовски да ја напушти функцијата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија, Живко Митревски, секретарот, претседателот на СОП и соработниците, деновиве се изложени на исклучителни притисоци, уцени, закани за физичка ликвидација, информираат тие.

-Бевме сведоци на фингирана сообраќајна несреќа кога комбе во движење ја удри позади колата службена. Очигледно притисоците имаат за цел да се откажеме од оваа борба, автономијата на синдикалното движење во Република Македонија и се користат методи од најцрните денови на УДБА. Сакам да порачам дека го повикуваме државно именуваниот и нелегитимен претседател Димовски веднаш да ја напушти функцијата која државата му ја додели на очиглед на целокупна демократска јавност и веднаш, под итно да го спроведе барањето на Светската конфедерација на синдикати, на Европската конфедерација, според кои легитимен претседател е д-р Живко Митревски и раководството кое претходно беше избрано на 19-тиот конгрес, вели Митревски.

Тој денес ги повика надлежните служби кои работат во зградата на ССМ веднаш да престанат со фалсификувањето на службените документи.

-Ги повикуваме сите служби веднаш, а особено државно именуваниот и самопрогласен ВД претседател Димовски, да ги отвори просториите на синдикатите за влез за вработените во нив. Овие простории се узурпирани, без одлуки на органи и тела,  вели Митревски.

Тој го повикува нелегитимното раководство именувано од страна на државата и министерката Царовска да престане со трошење на парите на работниците.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This