March 29, 2024, 10:46 am

ШТО СЕ СЛУЧУВА НА КОСОВО: Која е причината за Американците да ги испратат своите „ноќни јастреби“?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американската војска упатува додатен контингент на војници на Косово, обучени да делуваат во случај на нереди. Рамуш Харадинај има стотина луѓе под оружје, кои се реална закана за предизвикување на насилства, ако претходно меѓународното присуство со своето неделување тоа не им го овозможи

haradinaj_uck

Американците ќе го засилат својот воен контингент на КФОР на Косово со 130 војници од авијацискиот полк и хеликопери тип УХ-60 „блекхок“ (црн јастреб), кои најчесто се користат за рабзивање на демонстрации, како и за брз транспорт на луѓе.

Иако ова е редовна ротација во редовите на КФОР, сепак е тешко да не се запрашаме дли Американците го засилуваат своето присуство за да спречат можни ереди, или да поддржат нечии намери. Бидејќи Рамуш Харадинај јавно ја повика Америка – „или да ја заврши започнатата работа помеѓу Косово и Србија, или тие (албанците) самите ќе го направат тоа“.

Милован Дрецун, претседателот на Одборот за Косово и Метохија, за Спутник вели дека за Америка би било повеќе од ризично, и политички и во секоја друга смисла, нивното воено присуство да го стават во функција на реализација на политички и стратеки големоалбански цели на Харадинај, и дека н тој начин се зацврстуваат како негови отворени заштитници. Она на што, Дрецун потсетува е дека на претстојните избори на Ксоово и дека ќе има доста силна кампања со екстремна реторика која ќе упатува на опасни идеи како што е „Голема Албанија“.

„Американците најверојатно очекуваат дека ќе има тензиите ќе бидат толку големи кои во еден момент би можеле да доведат до некои инциденти и меѓуетничко насилство. Во таа смисла, претпоставувам дека ги припремаат нивните сили за одговор. Дали имаат во предвид некои други колности, како што е расцветувањето на радикалниот ислм, или располагаат со некои информации од разузнавачки карактер дека можби некои радикални исламисти, џихадисти со кои Косово е преполно, планираат за време на изборната кампања некои акции кои се усмерени кон припадници на КФОР, Еулекс и Унмик, не знам, но се можеда биде причина за доаѓањето на овие американски единици на Косово“, наведува Дрецун.

Во исто време, соговорникот за Спутник истакнува дека е очигледно дека Харадинај во својата кампања за изборите ќе ја гради на основи на која е створена за време на неговото апсење во Франција, како и дека големоалбанскиот национализам ќе биде неговата клучна порака.

Американските војници, пред доаѓањето на Косово, каде ќе останат десет месеци, во рамки на КФОР ќе имаат обука во базат во Тексас, а ангажирањето на додатни трупи се објаснува како дел од поддршката на НАТО операцијата и меѓународните напори за изградба на мир и стабилност на Балканот. Вистина е дека хеликоптерите за кои станува збор претежно се задолжени за транспорт, но исто така по своите спецификации предвидени се како и борбени.

 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This