АДВОКАТ НАПАДНАТ СО НОЖ: Пензионер нападнал адвокат во Тетово со нож!

  • April 18, 2017

Адвокатот Бујар Сабриу денеска околу 12 часот бил нападнат со нож при што се здобил со исеченица на прстот, а потоа бил удрен со столче во неговата канцеларија во градскиот трговски центар во Тетово.
noz3-3-

Ова денеска го истакна портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, кој рече дека осомничен за нападот е В.А.(72) од Тетово.

– Осомничениот напаѓач влегол во канцеларијата каде моментално работел адвокатот и меѓу нив најпрво започнала вербална расправија. Во една момент напаѓачот извадил нож и го прободел адвокатот во прстот од левата рака. Потоа го удрил со столче. Некако адвокатот успеал да се извлече од канцеларијата и се упатил кон Тетовскиот Основен суд каде се сокрил. Додека бегал кон Тетовскиот суд напаѓачот трчал по него со ножот. За кратко напаѓачот е приведен, изјави Јосифоски.

На Сабриу му била укажана лекарска помош во Тетовската клиничка болница по што тој бил пуштен на домашно лекување. Увид извршиле екипи на полицијата и Јавното обвинителство и се работи на целосно расветлување на случајот. Според неофицијални податоци, до инцидентот дошло поради нерасчистени односи меѓу двајцата околу сопственоста на адвокатската канцеларија каде се случил нападот.

Претходно «
Следно »