АЕРОДРОМ ПОД СЕКИРАТА НА МАРИН: Аеродромци незадоволни- еве каде следно ќе удри секирата на Марин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓанската иницијатива „Сакаме Аеродром да дише“ деновиве реагира на облаците прав кои се креваат од новите градилишта во населбата

Стотици граѓани коментираат на Фејсбук страницата на #СакамеАеродромДаДише и повикуваат на протест.

Аеродром никогаш не бил позапуштен, улиците не се метат, а тревата не се коси – се дел од коментарите кои може да се прочитаат на социјалните мрежи.

-Главната причина поради која победи кандидатот на СДСМ-Златко Марин е тоа што ветуваше дека нема да биде ист како Ивица Коневски од ВМРО ДПМНЕ, а тој не само што не е ист, туку е и полош, вели за Лидер активистката Искра Манојлоска од граѓанската иницијатива.

Актуелниот градоначалник на Аеродром, Златко Марин, пред изборите ветуваше ревизија на сите ДУП-ови, но тоа не се случи.

-Во моментов колку што јас сум запознаена, истовремено на три парцели се започнати градежни активности. Едната е во Острово до Тинекс Дисконтот, каде што беше срушена игротеката. За потребата на објектот кој ќе се изгради ќе се пробие нова улица на местото на паркот со детски лулашки кој ќе биде уништен. За пробивањето на улицата ќе бидат пресечени десетина 40 годишни дрва, додава Манојлоска.

Загадувањето на воздухот во Аеродром е алармантно. Со изградбата на нови згради и сечење на стари дрва, животот во општината станува неподнослив.

Активистката вели дека е разочарана од довчерашните соборци, кои како што вели, откако дојде новата централна и локална власт одеднаш станале апатични и престанале да се бунтуваат.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This