Wednesday, 20/9/2017 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

АКО ЗАПАДОТ ИЗВРШИ АГРЕСИЈА, ЌЕ ГО НАПАДНЕМЕ НАТО: Кој е планот за одбрана на Русија во случај на агресија од Западот?

28%
User Rating

Русија е загрижена поради напорите на НАТО да ја промени военополитичката ситуација во евроатлантското подрачје, рекол шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и особено предупреди на зголемувањето на военото присуство и инфраструктура кои се граничат со Русија, вклучително и формирањето на европски сегмент на американски глобални противракетни системи. Меѓутоа, порачува Лавров, Русија е во состојба да го одбрани својот суверенитет и безбедност при било каков развој на ситуацијата со Северноатлантската алијанса

Виктор Мураховски, уредник на списанието „Арсенал татковина“, во разговор со Спутник потсетува дека НАТО формираше сили за брза реакција кои бројат околу 40.000 војници, а во составот на тие сили постојат и единици за најбрзо реагирање со околу 20.000 луѓе.

„Освен тоа, Алијансата оперативно ја припрема целата неопходна инфраструктура во Источна Европа – аеродроми, пристаништа, железнички станици, складишта со вооружување и гориво. За разместувањето на тие 20.000 војници на домет на руската граница се потребни 48 часа, а за разместување на силите за брза реакција се неопходни 3-4 дена. Гледано глобално, капацитетот на таа инфраструктура е 120 и 150.000 војници на НАТО во балтичките земји и помеѓу 70-80 илјади во Полска“ наведува Мураховски.

Тој истакнува дека Русија внимателно ја следи ситуацијата, но смета дека западниот стратешки правец не е приоритет кога станува збор за потенцијални воени закани.

„Затоа новата врста на вооружување пред се добиваат Црвената флота, единиците на југозападниот и централноазискиот правец. На југозападниот правец поради агресивното однесување на Киев и противтерористичката операција во Сирија. На централизираниот правец поради фактот дека ситуацијата во Авганистан и понатаму е доста тензична, без обзир на повеќегодишното присуство на НАТО и САД“, објаснува воениот експерт.

Русија, според неговите зборови, формираше и нови единици во Западниот воен округ, но дури откако НАТО започна да го зголемува присуството во Источна Европа.

„Тука пред се мислам на Првата гардиска тенковска армија и моторизираната дивизија во Смољенската област. Речиси сите руски ракетни бригади се опремени со најнови системи Искандер-М. Исклучок е бригадата во составот на 11. Корпус на копнената војска, која се наоѓа на првата линија во Калининград“.

Таа и понатаму го користи советскиот ракетен систем „Точка У“, прецизира Мураховски. Русија не формира офанзивни групи на западниот стратешки правец, додека НАТО не само што припрема неопходна инфраструткура, туку ја засилува и воздушната патрола над Естонија и Литванија. Мураховски во тој контекст предупредува дека на авионите на НАТО им се потребни 15-тина минути да стигнат до Санкт Петерсбург.

„Русија превзема одбрамбени мерки, го засилува ПВО и ако дојде до агресија од западен правец, руските сили ќе ги нападнат инфраструктурните објекти и единиците на НАТО“, предупредува рускиот воен експерт.

Инаку, во склоп на засилување на борбената готовност на полигоните во Белорусија и Русија од 14. до 20. септември ќе биде одржана руско-белоруска стратешка командно-штабска вежба „Запад 2017“ на која ќе учествуваат 12.700 војници. Како што е најавено, планирано е да учествуваат 7.200 војници од Вооружените сили на Белорусија, 5.500 припадници на Вооружените сили на Русија, 370 единици на оклопно-механизираната техника, 150 единици артилерија и повеќецевни ракетни фрлачи и повеќе од 40 авиони и хеликоптери.

loading...

5 Comments

  1. surla

    Alal da vi e Rusi

  2. Manimal

    4 МИЛИОНИ германски војници (акцентот на германски, без разноразни мочковци како „сојузници“), обучени и мотивирани, со одлична техника и врвни фелдмаршали и генерали, без јадрено оружје, па знајме како завршија…
    Сегашниве безалтернативци на овдешниве политикантски чмаролижачи?!?
    КУМЕНДИЈА! 🙂

  3. Geshev-BG

    Русиja да не се меша во внатрешните работи на Македониja.

  4. patriot

    OF GESHEV …IAKO SME MALI SE ZNAE NA KOJA STRANA SME AKO SE ZAPUKA NEDAJBOZE….ZA VAS BLAGONADEZNITE blgarcinja NE ZNAM ..SAMO BALANSIRATE ..DE SO AMERIKA DE SO RUSIJA …AMA STO BI DAL DA VE SPUKA PUTIN -ONAKA UBO …
    NIE SME SI ANTIFASISTI ..ODSEKOGAS I ZASEKOGAS

  5. Stranec

    Prvata Svetska vojna se sluci na inicijativa I pod kontrola na Rothchilds za da ja sprecat Germanija I Rusija da ja prestignat Velika Britanija.
    Vtorata Svetska vojna e 2to poluvreme na Prvata Svetska Vojna, povtorno pod kontrola na bogatite Evrejski familii.
    Inicijator za site golemi voeni konflikti vo svetot se kontrolorite I sopstvenicite na najgolemite svetski banki. Site ostanati se ili statisti ili topovsko meso…
    Coveckite zivoti nemaat nikakva vrednost za bogatite evrejski familii – oni ne gledaat nas kako dobitok za klanje.

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Контактирајте Не

Контактирајте

Email: [email protected]

Phone: 071/547-011

Address: 1000 Скопје, Р.Македонија

Календар

September 2017
M T W T F S S
« Aug    
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930