Sunday, 17/12/2017 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

Александар Донев, носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: Единствени во идејата за иднината на градот – да направиме големи промени

User Rating

Струмичани  се загрижени кога слушат дека  СДСМ  ќе ја направи  Македонија европска, како што Струмицаја правеа  европски град, вели носителот на Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Струмица, Александар Донев во интервју за КУРИР.

Што значи за вас  да се  биде  Носител  на Листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Како ја доживувате довербата со која  партијата ве поставува на чело на  својата Советничка листа?

Да се биде носител на листата на ВМРО ДПМНЕ заОпштина  Струмица  за мене претставува  чест и сериозна задача.  Чест затоа што ВМРО –ДПМНЕ  се докажа како партија што  умее  вистински  да  препознае  и посветено да одговори на секој предизвик .Дадената доверба значисериозна задача нашата Општина Струмица  да ја  вратиме во рацете на граѓаните,  да ја предводат  чесни и способни кадри кои  досега се потврдени  со својот труд и креативност во работата за општината и татковината.

loading...

Вашиот избор не е случаен.  Пред  јавноста сте  познат како амбициозен млад претседател на Општинскиот комитет кој претходно се соочил и со задачата да предводи една сериозна институција во Струмица.

Припаѓам на  генерацијата која ги поминала сите структури на мојата партија.  Имам искуство од учеството  во повеќе изборни циклуси, а како што е познато одредено време бев раководител на институција. Носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата станав откако  пред неколку месеци  Извршниот Комитет на  партијата  ме избра за претседател на  Општинскиот комитет во Струмица.  Со гордост го потенцирам фактот дека паралелно со  инвестирањето во сите  сегменти на животот во Македонија нашата партија  во текот на една деценија  создаде  и негува  генерација на млади и неуморни кадри кои внесуват нова енергија и дават гаранција дека со ВМРО-ДПМНЕ секоја  општина во нашата Македонија  има  сигурна иднина.

Кој е Александар Донев во приватниот живот.Кое е вашето мото. Што ве натера  да го преземете смелиотчекор  да ја предводите битката за Советот на  Општина Струмица?

Љубовта кон мојот народ,кон Македонија  и  Општина Струмица  и моето домашно воспитување во духот на традицијата од мене прават човек посветен на борбата за добробитта на зедницата и сограѓаните. Но, за да се зафатиш  со  таква идеја  мора да исполниш некои очекувања  пред  себе и семејството, пред општеството  . Магистрирав на правните науки, оженет сум и очекувам  да се докажам како почитуван сограѓанин и добар татко. Работев во приватниот  и во јавниот сектор и се трудев да оставам свој впечаток на одговорен  граѓанин и искрен соработник.

Градот овозможува да се  придобијатискуства на разни генерации и мноштво квалитетни луѓе кои овде дошле  за да живеат и творат. Од  моите роднини и пријатели во селата го  запознав  моделот на  чесната и  трудољубива продукција од чие унапредување  зависи подобрувањето и на животот во градот Струмица.

Покрај  зафатеноста со сите активностикако млад човек  наоѓам посебно време запријателитеи за оние што ми дават подршка со кои ја делам  мојата љубов кон рок музиката  и возењето мотори.

Што е тоа што вие би го смениле во вашата општина?Постојат ли во  Општина Струмица работи што не се завршени. Што конкретно пред вас претставува предизвик ?

Општина Струмица подолго од  12 години е заложник на нечија  неоправдана амбиција.  СДСМ  претендира  да ја  води општина Струмицабез самостојни идеи и во недостиг на капацитет . Пред граѓаните не постои  оправдување за  ветени, а нереализирани проекти.  Ограничените  инвестиции, негрижата и слабото одржување  од  нашата  Струмица направија  заостаната општина.  Ѓраѓаните на Општина Струмица секојдневно се соочени со ваквиот начинот на работа  на СДСМ .

Струмичаниизразуват загриженост кога ја слушат декларативна  заложба на СДСМ  да ја направат  Македонија европска по начин како Струмица ја правеа  европски град.

Мојот  главен предизвик и оправдана амбиција  еда се обединиме околу  заедничката  идеја за иднината на Струмица и да предизвикаме  промени. Тие промени ќе имат големо значење за животот на Општината и татковината.

Зошто граѓаните да гласаaт за Листата на Коалицијата предводена од ВМРО– ДПМНЕ ?

ВМРО –ДПМНЕ со низа  проекти и конкретни  инвестиции  решаваше сериозни проблеми  со кои се соочуваа граѓаните на општина  Струмица.Со задоволство можам да набројам  повеќе  крупни проекти на  ВМРО-ДПМНЕ  во  Струмица во  стопанството и вработувањето, земјоделието,  образованието и администрацијата , инфраструктурата, културата, спортот.

Изработивме Програма во која повторно ќе го оживееме сонот за Општина Струмица по мерка на секој граѓанин. Подготвивме програма со десетици вредни проекти за селото и градот, за младите и возрасните за работа и образование  со цел сериозно да се подобри квалитетот на животот на граѓаните во нашата Општина Струмица.

На Листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата  кандидати за советници се наши сограѓани кои имат  докажан морален, професионален и личен интегритет. Гласајќи за нашата Листа на Советници и Кандидатот за Градоначалник господин Марјан Бајрактаров граѓаните ќе го направат вистинскиот избор за Општина Струмица.

Што им порачувате пред почетокот на кампањата, како ке се обратите ?

Ги поканувам сите граѓани да ја следат нашата кампања во која ќе ја изразиме нашата визија и идеја за Струмица.  Се договоривме да водиме позитивна кампања затоа што веруваме дека граѓаните умеат да изберат подобри предлози и проекти.

loading...

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Контактирајте Не

Контактирајте

Email: [email protected]

Phone: 071/547-011

Address: 1000 Скопје, Р.Македонија

Календар

December 2017
M T W T F S S
« Nov    
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031