March 29, 2024, 10:51 am

АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ КОНТРА АЛАЃОЗОВСКИ: : Уметноста не е популизам, итно да се прогласи за неважечка годишната програма на Министерството за култура!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одделот за култура на Алијансата за Албанците ја дели загриженоста на уметниците кои го изразија својот револт по објавувањето на годишната програма на Министерството за култура.

Оваа годишна програма донесе на површина серија аномалии во врска со принципите на кои се базира буџетската распределба на Министерството за култура.

-Ние, одделот за култура на Алијансата за Албанците, контактиравме со нашите колеги уметници од различни уметнички правци и општ впечаток е дека и оваа година средствата на албанските даночни обврзници отишле кај здруженија кои се политички прифатливи за партиите на власт. Исто така, се забележува дека формираните комисии ни одблиско не ја завршиле својата работа и ова на површина го извадовте вие почитувани новинар со истражувањата кое сте го направиле. Значи, вие не информиравте за непотизмот, за здруженија формирани преку ноќ без претходно реализирано ниту еден проекти, кои добија буџет како да имаат богато портфолио. Од друга страна, здруженијата што се докажале во реализацијата на нивните проекти добиле смешни суми. Вклучувајќи ги тука смешните суми за реализирање на настапи, концерти или фестивали. Како заклучок велиме дека оваа поделба на буџетот е скандалозна и бараме од Министерството за култура да ја прогласи оваа годишна програма за неважечка и наскоро да објави нов конкурс, соопштуваат од Алијанса за Албанците.

Исто така, AА бара членовите на комисијата да бидат избрани од граѓанското општество, истакнати уметници, истивремено во изборот да не се применува принципот на квантитет туку на квалитет.

-Уметноста не трпи популизам, но мора да се заснова на вредности. Да не им се даде на 10 здруженија по 5.000 евра за претстава, туку да се дадат на 5 претстави по 10.000 евра, а тоа исто така важи и за други уметности, велат тие.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This