АМЕРИКАНСКИОТ СПЕЦИЈАЛЕЦ ДОБИ ПРИТВОР: Маринецот кој беше уапсен во Белград под сомневање дека спрема атентат, заврши во притвор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот државјанин, специјалецот Даниел Дејвид Корбет, бивш американски маринец, е уапсен во Белград на 31. јануари, а два дена подоцна Вишиот суд во Белград му одредил притвор до три мсеци, пренесува Танјуг


Заедно со него се уапсени уште три спрски државјани, Н.В, Н.П и Н.А, на кои исто така им е определен притвор до три месеци.

Против сите осомнучени во тек е истрага пред Вишото јавно обвинителство во Белград поради сомневање дека направиле кривично дело недозволено производство, држење, носење и промет со оружје и експлозивни материјали, а Н.А. се сомничи за неовластено поседување на опојни дроги.

Судијата на претходна постапка на 2. фебруари донел решение со кое им одреди притвор на осомничените до три месеци, изјавила за Танјуг портпаролката на судот Бојана Станковиќ.

Според тоа решение, судијата по истекот на секои 30 дена ќе ја преиспита одлуката дали и понатаму постои причина за притвор и ќе донесе решение за продолжување или укинување на притворот.

Притворот им е одреден поради опасност од бегство, постоење на особни околности дека би можеле да попречат на истрагата и поради влијание врз сведоци, како и поради повторување на кривичното дело.

Апсењето на американскиот маринец во Белград предизвика медиумско внимание по изјавата на министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ дека истиот е уапсен во стан во Белград, а кај него е најден пиштол ЦЗ-99 со избришан сериски број.

Српски „Инсајдер“ пак направи истражување на идентитетот на американскиот маринец, кое доведе до сомневање дека истиот работел во приватна компанија за обезбедување блиска до семејството Клинтон од САД.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This