АНЃУШЕВ КАКО ВИЦЕПРЕМИЕР ЈА РЕКЕТИРА ФЕНИ: Свиркачи објавија документи

  • February 13, 2018

Ова што власта го прави ги поминува сите граници. Заев, Анѓушев и неколку луѓе околу нив немаат никаква одговорност кон државата, се што прават – прават за лични цели, обвинува порталот justpaste.it.

Нивните документи, како што велат, се вистината за тоа како работи оваа недемократска влада, за која нема државни приоритети, туку само личен интерес. Функциите министер за овие ликови се само извор на моќ, потребна за зголемување на нивното салдо.

-Ова е договор помеѓу ЕДС на Кочо Анѓушев и ФЕНИ индустри која е сега е во стечај. Договор со кој ФЕНИ потврдува дека чека исплата на ДДВ од државата, а се обврзува сите потребни документи да и ги достави на ЕДС на Анѓушев која ќе има право на првенствено намирување. Ова е класичен рекет и користење на државната позиција за сопствени лукративни цели. Анѓушев побарува од ФЕНИ исплата на ДДВ кој тој од позиција на држава треба да го исплати на ФЕНИ, наместо за вработените за плати, материјали за продолжување на работата на комбинатот или намирување на сите доверители подеднакво да заврши за покривање на долгот на неговата ЕДС, пишува порталот.

Овој договор и повеќе документи кои свиркачи ги објавија и се доказ за злоупотреба на функции.

Ова што власта го прави ги поминува сите граници. Заев, Анѓушев и неколку луѓе околу нив немаат никаква одговорност кон државата, се што прават прават за лични цели. Документиве кои ќе ги постирам во продолжение се вистината за тоа како работи оваа недемократска влада, за која нема државни приоритети, туку само личен интерес. Функциите министер за овие ликови се само извор на моќ, потребна за зголемување на нивното салдо.

 

Имено чл.2 од овој договор со кој ФЕНИ е практично изрекетирана предвидува сите 72.336.674 денари или во евра 1.2 милион евра. Да 1 милион евра треба да легнат на сметката на ЕДС на Анѓушев.

 

Интересот на Анѓушев пред се! Не му е гајле ниту за работниците, ниту за опстанокот на конбинатот, ниту за останатите доверители. Важно им е тие да се наплатат, без разлика на последиците. Без разлика колку луѓе би останале на улица.

Анѓушев со чл.3 од договорот го принудил заложниот должник, во случајов ФЕНИ, да се обврзе и изречно да се согласи, ЕДС да заснова заложно право со регистриран залог од прв ред.

До кога вака ќе се користат државните позиции за свои сопствени цели. До кога преку функциите ќе се нижат милиони, а за работниците ни плата да нема да се исплати?

Претходно «
Следно »