АРМИЈАТА СИСТЕМАТСКИ СЕ УНИШТУВА: Министерството за одбрана стана генератор на скандали!

  • March 13, 2018

Од добро упатени извори во МО дознаваме дека ситуацијата во ова министерство кое го управува Шеќеринска од ден на ден станува се полоша и незадоволството се поотверено се манифестира

Последниве неколку месеци МО беше постојано во фокусот заради низата констатирани и јавно објавени неправилности и нелогичности во неговото функционирање.

Имено, на големо негодување на јавноста наиде спорната набавка на мазут и потпишаниот договор помеѓу МО и компанијата „Пуцко Петрол“, за која подоцна се дозна дека воопшто не поседува лиценца за продажба на мазут, па остана нејасно како токму оваа компанија воопшто учествувала и го добила овој тендер.

Ова беше само почеток на дузината скандали кои од тогаш не престануваат да го тресат министерството. Изјавите на министерката за професионализација на министерството паднаа во вода по скандалот со издавањето на безбедносен сертификат на раководителот на Воената служба за безбедност и разузнавање, полковникот Горан Василевски, кој иако претходно неколку пати е одбиван за безбедносен сертификат, како заслуга за неговото учество во таканаречената Шарена Револуција, доби и поставување за Раководител и незаконски издаден безбедносен сертификат. Истиот тој Василевски, за да ја покаже својата лојалност кон Шеќеринска и СДСМ, испраќаше негови потчинети од Воената служба, да обезбедуваат партиски митинзи, а за што јавно беа објавени и фотографии од лица од службата.

И како сето ова да не беше доволно, почнаа да се редат скандали и за состојбата во Армијата на Република Македонија. Војниците немаат основни услови за функционирање, пред се храна и вода, а таму каде што ја има водата, во неа се пронајдени ешерихија коли и други полиформни бактерии. Да биде скандалот уште поголем, заради проблематичниот тендер за набавка на мазут, голем дел од касарните останаа и без греење токму во најладните денови. Голем дел од персоналот кој патува не можеше ниту да стигне на своите работни места, затоа што министертвото нема потпишано договор за превоз на војниците.

Освен недостатокот на овие основни услови за функционирање, дознавме и дека голем дел од единиците на АРМ се практично нефункционални, бидејќи во нив недостигаат основни средства за работа и изведување обука. Па така, имаме тенкови за кои нема масло и немаат акумулатори и се нефункционални, имаме единица за АБХО која е оставена без средства за работа и неможе да се справи дури и со минорна хаварија или инцидент, а најстрашно можеби од се е што комуникацискиот систем во АРМ е разорен поради ненабавувањето на батерии за радио уредите.


Транспарентноста и професионализацијата на Армијата кои министерката толку често милува да ги промовира во своите јавни настапи се само празни флоскули, доколку реално се погледне очајната ситуација во која се наоѓа АРМ. Мешањето на министерката и државниот секретар во кадровската политика на армијата, форсирањето на свои миленици, како и контролирањето на листите на војници кои одат на мировни мисии само уште повеќе ја расипуваат атмосферата во ова министерство и негативно влијаат на моралот на офицерите и војниците.

Армијата која само до пред неколку месеци беше гордост на нашата држава и секаде добиваше највисоки оцени, денес е во очајна состојба благодарение на лошото менаџирање на Радмила Шеќеринска и нејзиниот тим. Голем е бројот на професионални војници и офицери кои го гледаат и чувствуваат ова, па не зачудува фактот што голем е бројот на оние кои даваат отказ од своите работи места и заминуваат во потрага во нова работа. Не треба да се занемарува и фактот што на последниот конкурс за прием на професионални војници имало само минимален интерес, па министерството морало да ги намалува критериумите за прием со цел да привлече нови кандидати.


Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија не смеат да бидат заложник на катастрофалното менаџирање на Радмила Шеќеринска. Најмалку што може министерката е да признае дека нема капацитети и визија за да го води ова министерство и да си даде оставка.

Претходно «
Следно »