АРСОВСКИ:Зоран Заев и СДСМ веќе четврт ден молчат за скандалот и не одговараат за ангажманот на Силвио Аврамовски, Ѓорѓи Калајџиев и Горан Стаменковски

  • May 17, 2018

Денеска четврти ден ќе потсетиме и ќе повториме дека премиерот Зоран Заев и криминалниот картел на власт не работат во интерес на граѓаните и државата, туку само за себе и бизнисите на своите блиски. Буџетот и државните институции им служат единствено за задоволување на партиските потреби и исплата на долговите и обврските што ги презеде Зоран Заев пред да се случат изборите, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

„Зоран Заев исто така се уште не одговара дали шефот на човечките ресурси на Основниот Суд Скопје 1, Горан Стаменковски, кој што го напаѓаше портпаролот на судот и влегуваше исто така во директна конфронтација со Претседателот на Основниот суд Скопје 1 го советува Зоран Заев за неговите судски процеси или можеби за процесите на неговите неистомисленици и притоа е директен линк со Претседателот на Судот, Џолев? Да потсетиме дека на платниот список на советници на Заев се и мешетари како Обрадовиќ и Башановиќ, луѓе кои што се со сериозно криминално и скандалозно минато за кое што беше запознаена јавноста низ медиумите. Да потсетиме дека овие луѓе беа поврзани со низа скандали во соседна Србија, како на пример наместени тендери во српското електростопанство, кражба на долна облека и останати скандали, а Заев сепак ги донесе да го советуваат во Владата. Дали можеби Башановиќ и Обрадовиќ го советуваат Зоран Заев да се прелеваат вештачките езера и со тоа да се прават загуби во милионски суми или пак дали можеби го советувале Зоран Заев за брат му Вице Заев да врши транспорт и ископ во РЕК Битола преку фирмите СВ Инвест и Тотал Инжинеринг?“.

Во најмала рака, подвлече тој, овие луѓе треба да се повлечат уште веднаш и да се тргнат од овие функции.

-Наспроти ова, Владата се обидува со смешни списоци каде што се наброени луѓе вработени со години во администрацијата на Владата, кои се инаку советници по звање во државните институции, вработени во генералниот секретаријат на Владата, референти, вработени од техничка поддршка и останати вработени во Владата, да ги прикажат како советници на поранешниот премиер Никола Груевски. Прекинете да си играте со интелигенцијата на граѓаните. Фатени сте живи во сопствените лаги и скандали и време е да ја преземете одговорноста, потенцираше тој и подвлече:

„Овие советници за кои што јавноста дозна за нивните квалификации и минато не можат да бидат советници на ниту еден Премиер во ниту една држава. Заев ја урниса кредибилноста на институциите. Зоран Заев ја потценува интелигенцијата на граѓаните. Зоран Заев си поигрува со граѓаните и ги расфрла нивните пари. Ова лудило мора да прекине, а овој криминален картел мора веднаш да се разбие и да падне“.

Претходно «
Следно »

loading…