Saturday, 18/11/2017 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

АРСОВСКИ: СДС врши политички прогон врз неистомислениците

User Rating

СДС започна со спроведување на брутална партизација на државата.  Она што Зоран Заев претходно го најавуваше, сега се спроведува: бркање од работа на политичките неистомисленици и вработување на  војници партиски послушници без оглед на нивната стручност, изјави на прес-конференција Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев најави дека ќе владее со бркања од работа на луѓето кои тој ги смета за неподобни и со вработување на партиски послушници од чистачка до министер.

loading...

Пратеници на СДС јавно говореа дека Членската книшка во Македонија ќе стане втора лична карта без која граѓаните нема да може да се вработат во јавниот сектор ниту пак да се надеваат на некоја редовна услуга која им следува по Устав и Закон.

1.500 луѓе беа сменети од надзорните и управните одбори во еден ден со што се парализираа бројни јавни претпријатија и  институции. На Заев и СДС не им е важно воопшто  што поради ова во моментов Фондот за здравство не може да носи одлуки за лекување на нивните осигуреници во странство. Нив не им е важно што поради нивната агенда за приватизирање на државата животот на граѓаните се доведува во опасност.

Сменети се успешни директори кои воделе наградувани институции, само затоа што Заев и СДС донеле лична неточна и скандалозна проценка дека директорите биле под контрола на Никола Груевски.

Ваквиот политички прогон врз неистомислениците со фашизоидна реторика се врши се со цел СДС да ја претвори партијата во држава, а државата во партија.

Тоа ќе го платат македонските граѓани со повеќе од 100 милиони денари годишно кои СДС ги испланира во новиот буџет за привремени партиски вработувања на војници и послушници.

СДС за сметка на тоа си ги вработи во државната администрација сите оние кои одработуваа за нив. Такви се: Зоран Бојаровски, Бојан Маричиќ, Дане Талески, Марјан Забрчанец, Петрит Сарачини, Никола Наумовски, Бранимир Јовановиќ, Влатко Васиљ, Дарко Лешоски и многу други.

Граѓаните се во неизвесност за својата иднината и за иднината на државата, гледајќи ги ваквите недемократски и срамни потези на владата на Заев и СДС. За само месец и пол, СДС започна да воспоставува режим во Македонија. Но, отпорот од народот ќе го почувствува многу брзо.

loading...

1 Comment

  1. Stranec

    BANANA DRZAVA, BANANA VLADA, BANANA PARLAMENT, BANANA OPOZICIJA!!!
    MAKEDONIJA ME POTSEKA NA TORTA OD BANANI!!!

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Контактирајте Не

Контактирајте

Email: [email protected]

Phone: 071/547-011

Address: 1000 Скопје, Р.Македонија

Календар

November 2017
M T W T F S S
« Oct    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930