АХМЕТИ ВО УЛОГА НА БАБА РОГА: Ако не се решело името, Али Ахмети се заканува дека ќе се разбуделе „сепаратистичките тенденции“

  • January 28, 2018

Немањето на консензус во јавноста во двете држави, Грција и Македонија, го стави во погон „планот Б“ со кој треба да се убедат граѓаните а со тоа и политичките елити да прифатат било какво решение со кое ќе бидат задоволни двете страни, се до конечен влез на Македонија во НАТО и затворање на т.н. јужно крило на Алијансата

 

Ваквиот план започна со заканата која индиректно ја упати лидерот на ДУИ Али Ахмети преку грчкиот весник „Катимерини“ во кое вели дека доколку не се реши проблемот со името, тогаш постои опасност повторно да се појавата старите сепаратистички тенденции, а тоа би претставувало проблем како за Македонија така и за Грција.

„Ако овој спор не се реши работите може да бидат многу лоши. Кога работите одат на лошо за нас, тоа секако ќе има последици и за Атина и со тоа може да се негуваат стари амбиции на различни кругови со архаични ставови за поделба, за нови граници на Балканот. Сметам дека ова е многу опасно за сите нас во целост“, објаснува лидерот на ДУИ.

Во однос на тоа дали и колку е можен политички консензус во Македонија за прашањето за името, Ахмети упатува критики до претседателот Ѓорѓе Иванов, а за опозицијата објаснува дека поддржува решение на проблемот.

„Господинот Иванов испушти одлична можност за да ја подобри неговата слика кај албанската заедница, оставајќи и негов белег во завршувањето на регулативниот дел на Охридскиот договор. Тој одбра да остане на патот на законитоста заглавена на линиите од партијата. Јас очекувам да нема ист пристап и за толку сериозното и долгогодишно прашање за името“.  вели Ахмети за неделното издание на грчкиот весник „Катимерини“.

Според Ахмети, најдобро решение би било двете влади да се договорат, потоа договорот да го ратификуваат во двете Собранија и така да се затвори овој долгогодишен проблем. На таков чекор повика и професорот и лустриран кодош Љубомир Фрчковски, кој го повка Заев да не чека национален консензус, туку да го истурка решението сам и без референдум.

Претходно «
Следно »

loading…