АХМЕТИ ДО МЕДИУМИТЕ: Не сум препродавач на Битпазар за да давам и земам министерства, не работам на тезга

  • April 18, 2018

На новинарско прашање дали ДУИ ќе одвои министерски позиции за БЕСА да влезе во Владата, лидерот на ДУИ, Али Ахмети одговори дека не работи на тезга.

-Јас не сум препорадавач на Бит пазар за да давам или земам министерства, преговорите се одвиваат меѓу политичките партии, на тезга не работам. Тоа е работа меѓу политичките партии со тек на време ќе видеме како ќе менаџираме и како ќе одлучиме во однос на тоа прашање. Сигурно дека ДУИ е многу сериозна партија и е во тек со се што се одвива во земјава, ние не сме гледачи туку актери во одлучувањето во политиката – изјави Ахмети по средбата со Јахнес Хан.

Претходно «
Следно »