БАЛКАНОТ ПОД СНЕГ:Се јавија првите проблеми во Србија, Босна, Хрватска и Романија

  • October 7, 2017

Снегот кој беше најавен за викендов го покри целиот Балкански полуостров, а со тоа се јавија и првите проблеми.

Во делови од Србија утрово температурата е под нулата, а во градовите кои се со надморска висина над 1000 метри има снег од 10 сантиметри, а во некои повисоки делови снежната покривка достигнува дури 15 сантиметри.

Инаку во делови од земјата има и забрана за движење поради натрупаниот снег, а екипите се веќе на терен, јавуваат српските медиуми.

Снег на планинските предели денеска вее и во Босна, Хрватска и Романија.

Претходно «
Следно »

loading…