БАША ОТКРИ: Еди Рама ја претвори Албанија во плантажа со канбис

  • May 16, 2017

Со дрогата тие криминалци држат стотина милиони евра во свои раце, повеќе и од полицијата и војската што имаат на располагање-вели Баша.

alb_basa

Лидерот на албанската опозиција Љуљзим Баша во интервју за виенски „Стандард“ откри дека премиерот Еди Рама е водач на нарко клановите кои всушност управуваат со земјата.

Тој најави дека неговата партија нема да учествува на изборите се додека не биде прекината врската помеѓу дрогата криминалот и владата.

-Во парламентот и во градоначалничките фотелји седат раководители кои никогаш не биле во политиката.Она што им е заедничко е што седеле во европските затвори поради трговија со дрога,жени оружје и проституција.

Со дрогата тие криминалци држат стотина милиони евра во свои раце, повеќе и од полицијата и војската што имаат на располагање-вели Баша.

Европската унија и САД го повикаа Баша да учестува на изборите на 18 јуни но ако не го стори и тоа би било демократија.

Претходно «
Следно »