БЛОКИРАНА УЛИЦАТА КАЈ СОБРАНИЕТО НА Р.МАКЕДОНИЈА: Граѓани на сопствена иницијатива и вечерва протестираат против законот за двојазичност!

  • January 12, 2018

И вечерва продолжуваат протестите пред Собранието на група на граѓани против законот за двојазичност со кој, како што велат, се нарушува унитарниот карактер на државата и води кон федералзиација

 

 

Организирани преку социјалните мрежи, на сопствена иницијатива неколку десетици граѓани и вечерва протестираат пред Собранието на Р.Македонија со барање да се повлече законот за двојазичност како неуставен и спротивен на националните интереси на Р.Македонија.

Присутните велат дека се свесни за нивниот број, но сметаат дека некој мора да започне со протести и ги повикаа сите граѓани да им се придружат.

Улицата пред Собранието е блокирана.

 

Претходно «
Следно »

loading…