April 19, 2024, 12:00 am

БОРБА ЗА ПРЕВЛАСТ, РЕКЕТ ИЛИ КОРУПЦИЈА: Различни сценарија позади апсењето на советникот на Оливер Спасовски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во јавноста не стивнуваат реакциите за можните причини и сценарија за приведениот советник на Оливер Спасовски. Имено ова е само последниот во низа скандали кој ја тресат фотељата на министерот Спасовски во МВР. Од внатрепартиска пресметка, рекет до заштита на корумпирани вработени во МВР еве ги трите можни сценарија поради кои е приведен Драган Симоновски.

Првото сценарио е дека всушност приведениот советник на Спасовски имал подготвено предмети за блиски соработници на директорите на јавна и државна безебедност. За да ги заштитат своите соработници кои се дел од криминалното подземје го привеле Симоновски со калсична монтировка односно монтиран случај. Во ова сценарио Спасовски не бил запознаен со заверата која му се спрема на неговиот најблизок соработник и личен советник.

Второто сценарио е дека станува збор за внатре партиска чистка и борба во која настрадал Симоновски. Имено во интерес на една агенција за обезбедување, како човек од доверба на Спасовски во комисија во МВР, советникот вршел притисоци врз останатите агенции за обезбедување. Ситуацијата наводно отишла до таму што тој дури и пишал драконска казна на директот на една агенција кој пак е близок пријател со дирекоторот на БЈБ Лазе Велковски. Со амин и наредба на Радмила Шеќеринска пријателка на Велковски го приведуваат соработникот на Спасовски. Шеќеринска е во борба за превласт во партијата со Спасовски, а Симоновски е колатерална штета.

Третото сценарио е дека Драган Симоновски вршел рекет во име на Оливер Спасовски при вработувања во МВР. Односно барал мито кое достигнувало илјадници евра за вработување во министерството. Радмила Шеќеринска која е одговорна за кадровските прашања во партијата се налутила и дала наредба да го уапсат, а операцијата и во ова сценарио го спроведува Лазе Велковски човек од доверба на министерката за одбрана.

Во трите можни сценарија заеднички именител се две личности. Станува збор министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и директорот на БЈБ Лазе Велковски близок соработник на Шеќеринска. Во јавноста постојано се шират шпекулации за внатрепартиска борба за превласт помеѓу Шеќеринска и Спасовски. Во отсуство на Заев кој постојано е на патување тие како вицепремиери всушност треба да управуваат со државата. Во овие моменти Спасовски всушност ја контролира државата, а претензии кон оваа позиција има министерката Шеќеринска. Токму поради ова речиси сигурна е вмешаноста на министерката во приведувањето на најблискиот соработник на Спасовски како удар под појасот од кој министерот многу тешко ќе се врати во борбата.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This