April 17, 2024, 12:13 am

БОРИСОВ ДОБИ ОРДЕН ОД ХАШИМ ТАЧИ: Орден за независност, поради заслугите на Борисов во борбата за слобода и независност на Косово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Косовскиот претседател Хашим Тачи му додели на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, Орден за независност за неговите заслуги за слободата и независноста на земјата.

Висока државна награда се предава по повод десетгодишнината од прогласувањето на независноста на Косово, објави владината прес-служба.

„Овој орден е за лични заслуги и личен ангажман во поддршка на Косово, за заслугите на бугарскиот народ за развојот на пријателските односи меѓу двете земји, за престојниот состанок во Софија. Знаеме дека Бугарите ќе не сретнат насекаде и насекаде ќе го почувствуваме бугарскиот дух“, рече претседателот на најмладата балканска држава, Хашим Тачи.

„Го прифаќам ореднот како знак кон бугарскиот народ, кој страдаше во војната, но отсекогаш ја поддржувал борбата за слобода, независност, демократија, мир и просперитет на целиот регион“, рече премиерот Бојко Борисов, цитиран од бугарска „Нова“.

20 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This