April 19, 2024, 10:11 pm

БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ СЕ ВРАЌА НА СЦЕНА: Тензии во СДСМ поради составот на листите, Радмила и Заев во борба, Бранко бара свои луѓе!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Составот на пратеничките листи на коалицијата предводена од СДСМ за која се шпекулира дека ќе биде составена од лица од шарената револуција, албанци и недефинирани појави како Никола Димитров, предизвикува тензии во партијата, а како што дознаваме со свои барања се вмешал и Бранко Црвенковски

branko_zaev_seker

Најавите дека на листите за кандидати на пратеници ќе се најдат припадници на платеничката „револуција“, неколку Албанци и недефинирани појави во ликот на Димитров предизвикале тензии во СДСМ, откако за прв пат во историјата на партијата на листите ќе се најдат најмалку членови на партијата.

Поради ваквата констелација на односите во партијата, Заев решил до последниот момент да ги крие имињата на кандидатите, а во меѓувреме заедно со Катица Јанева договара веднаш по завршување на конгресот Катица Јанева да тргне жестоко со пријави и да зачести со одржувањето на прас конференции за да се намали незадоволството од составувањето на листите. Од понеделник, Заев барал силен дефокус бидејќи за прв пат СДСМ ќе има најмал број на свои партиски членови на листите.

Последниве неколку дена пред просториите на СЈО е забележано зголемено присуство на лица од Амбасадата на САД, за што од засега непотврдени информации дознаваме дека истите веќе цела седмица ја подготвуваат Катица Јанева за „офанзива“ која треба да започне во понеделник, веднаш по партискиот конгрес.

За мир во куќа, свои луѓе на листите барал и екс-лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски што дополнително ги подгрева тензиите. Според извори во партијата, главната битка во моментов се води помеѓу Зоран Заев и Радмила Шеќеринска за тоа кој ќе инсталира повеќе свои послушици.

Знаат дека по изборите е готово, и дека потоа ќе има внатрепартиска борба за позиција соред бројот на освоени пратеници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This