БРИТАНЦИТЕ ГО БАРААТ СКАЛПОТ НА ЏОРЏ СОРОС: Најџел Фараж бара истрага во активностите на Џорџ Сорос и поткупот во Европскиот парламент!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европратеникот Најџел Фараж, и можеби најзаслужниот британски политичар за „Брегзит“ од говорница во Европскиот парламент во Стразбург, барајќи целосна транспарентност на операциите на Џорџ Сорос кој пред неколку дена издвои 18 милијарди долари како донација за неговата невладина организација „Отворено општество“

Како што вели Фараж, вистинскиот заговор во меѓународната политика не треба да се бара во празните обвинувања кон Русија за некакво наводно финансирање на проектот за „Брегзит“ туку во огромните суми на „донации“ кои Сорос ги префрла на разни сметки на невладини организации, дел и на европратеници и високи претставници на телата на Европската унија.

„Влијанието на Сорос во Брисел е неверојатно“ вели Фараж, доавајќи дека „Се плашам дека можеби гледаме во најголемата меѓународна, политичка шема во историјата“.

Лидерот на пратеничката група за Слободна Европа и директна демократија, верува дека Сорос има потрошено милијарди во ЕУ за добивање на контрола врз државите членки но и аспиранити во унијата. „Ако зборуваме за офшор пари, кога зборуваме за политичка субверзија, за конспирација, мислам дека досега гледавме на погрешно место“ – вели Фараж додавајќи дека во книгата која ја издаде Џорџ Сорос за начинот на влијание во унијата, се пофалил дека само во 2016 година имал 42 средби во ЕУ, и преку 226 „пријатели“ во Европскиот парламент. Овие луѓе се на неговата листа.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This